Спорт
КК Црвена звезда го потврди доаѓањето на Смарт

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда потврди нов играч на клубот стана Американецот Џавонте Смарт.
Смарт се карактеризира со извонреден шут од надворешните позиции и способност за постигнување голем број поени, силен е и брз и може да игра и како плејмејкер доколку е потребно.
Смарт, роден во 1999 година, висок е 194 сантиметри, на колеџот играше за ЛСУ, а по колеџот играше за Мајами, Милвоки и Филаделфија, како и за нивните тимови од Џи Лигата.
Токму од тимот на „Делавер Блу Коутс“, каде беше најдобар стрелец на тимот, пристигнува во Белград како засилување на црвено-белите.
Смарт потпиша договор со Црвена Звезда до крајот на сезоната со опција на клубот да го продолжи договорот на уште една сезона.
Црвена звезда мораше да ангажира нов играч поради повредите на Топиќ и Недовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Манчестер јунајтед во дербито го победи Челзи

Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Челзи со 2:1 во петтото коло од Премиер лигата.
Ова е втора победа на Јунајтед оваа сезона, а прва над Челзи од 2023 година.
„Црвените ѓаволи“, барем на 24 часа се вратија во горниот дел од табелата и се наоѓаат на деветтото место, со бод помалку од „сините“, кои го забележаа првиот пораз сезонава во Премиер лигата.
Рубен Аморим и неговите избраници имаа голема помош, бидејќи Челзи остана со играч помалку на теренот по само пет минути игра.
Непромислениот Роберто Санчез излезе од шеснаесетникот, го собори Мбумо и заслужено доби директен црвен картон – трет најбрз за голман во историјата на Премиер лигата и најбрз досега во историјата на неговиот клуб.
Колата потоа тргна надолу – Јунајтед поведе со 1:0 во 14-та минута, а стрелец беше Бруно Фернандеш. Португалецот во 200-от натпревар за Јунајтед го постигна 100-от гол.
Во 37-та минута, Касемиро ја дуплираше предноста на својот тим, а во петтата минута од судиското продолжение доби втор жолт картон, со што стана првиот играч во историјата на Јунајтед кој постигнал гол и бил исклучен во истото полувреме.
Во второто полувреме имаше неспоредливо помалку возбудувања отколку во првото. Во ситуација „десет на десет“, Челзи апсолутно го контролираше поседот (28 спрема 78 отсто), но „сините“ не успеаја да приготват некои добри шанси.
Најголемата ја имаа во 80-та минута, кога Тревор Чалоба им даде надеж на Енцо Мареска и неговите играчи, кога со глава ја смести топката во мрежата на домашниот тим и го намали резултатот.
До крајот на натпреварот, тимот од Лондон не успеа да освои ниту еден бод, и покрај дури седум минути судиско продолжение.
Спорт
(Видео) Динамо среде Сплит го победи Хајдук

Фудбалерите на Хајдук и Динамо го одиграа првото дерби во сезоната. Во седмото коло од СуперСпорт ХНЛ на „Пољуд“ во Сплит, екипата од Загреб победи со 2:0.
Головите за победа на „модрите“ ги постигнаа Арбер Хоџа во 44-та минута, кога ја зеде топката на околу 30 метри од сопствениот гол, се упати кон голот на Хајдук и го заврши одличниот соло пробив со удар од работ на шеснаесетникот за 0:1.
BEAUTIFUL SOLO GOAL FROM ARBER HOXHA! GETS THE BALL IN THE MIDDLE OF THE PITCH AND SCORES! 🤯😮💨 pic.twitter.com/eIrOoc5g45
— Illyrian Footy 🇦🇱 (@IllyrianFooty) September 20, 2025
Точка на натпреварот и Монсеф Бакрар во 81-та. Тој му ја одзеде топката на Шимун Хрговиќ, се помести неколку метри, а потоа со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот ја заби топката под пречката.
QUEL BUT de Monsef Bakrar dans ce classico croate ! 🤯🇩🇿
Le setifien va offrir la victoire et la place de leader à son equipe.
Le Dinamo Zagreb veut retrouver la Ligue des Champions ! 🇪🇺 https://t.co/A0mgSSuIMp pic.twitter.com/rLeoAWJhJm
— 𝗠𝗘𝗥𝗖𝗨. 🔍🇩🇿 (@CompsMercu) September 20, 2025
Со оваа победа, Динамо се искачи на врвот на табелата во ХНЛ со 16 бода, три повеќе од второпласираниот Хајдук.
Foto/ jutarnji list
Спорт
(Видео) Милитао и Мбапе за нов триумф на Реал

Реал има максимален учинок во Ла Лига, победи на сите пет натпревари.
По Осасуна, Овиедо, Мајорка и Сосиедад, Реал победи и против Еспањол, иако гостите пружија солиден отпор на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал го победи Еспањол со 2:0 и му го нанесе првиот пораз на тимот од Барселона.
Само еднаш во првото полувреме Реал шутираше во рамката на голот на Еспањол, Едер Милитао го направи тоа во 22-та минута по додавањето на Валверде, но неговиот проектил заврши зад грбот на Дмитровиќ.
Este ángulo del golazo de Militão es espectacular.
Miren el zapatazo del defensa brasileño para abrir el marcador en el Bernabéu ante el Espanyol.
No es lo suyo marcar goles, pero qué importante es que Militão esté a buen nivel.pic.twitter.com/oS47YDtSju
— Helena 🇮🇨 (@HdeHelena_RM) September 20, 2025
Од тој момент натпреварот влезе во ритамот што го сакаше Реал, а веќе на почетокот на второто полувреме, односно во 47-та минута, Мбапе го дуплираше водството, по асистенција од Винисиус.
Mbappe’s goal from this angle is driving me crazy
— Miss ADEL🦋🦚🌹 (@a_derll) September 20, 2025