Спорт
Клиперси немоќни пред Ембид и Харден

Филаделфија славеше убедлива победа во Лос Анџелес, во дуелот со ЛА Клиперс 122:97. Филаделфија сега има само една победа помалку од лидерот на Истокот, Мајами Хит. Мајми неочекувано загуби на домашен терен од Њујорк 103:111.
Филаделфија до триумфот ја предводеа Џејмс Харден со 29 поени, 15 скока и седум асистенции, односно Џоел Ембид со 27 поени и 10 скока. Камерунецот со овации беше испратен од теренот по завршувањето на натпреварот: „МВП, МВП“, му скандирае публиката во „Крипто арена“.
Клиперси ги предводеше Амир Кофи со 21 поен.
Резултати:
Детроит-Вашингтон 97:100
Шарлот-Јута 107:111
Атланта-Голден стејт 121:110
Минесота-Далас 115:96
Портланд-Хјустон 106:125
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Петрушев го напушти Олимпијакос, се сели во Дубаи

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев ќе стане нов играч на Дубаи.
Според српските и грчките медиуми, Петрушев ќе потпише тригодишен договор со тимот од Обединетите Арапски Емирати.
Неговиот тим Олимпијакос ќе добие околу 500.000 евра за предвремено раскинување на соработката, а тие пари ќе ги плаќа Петрушев во период од две години.
Многу се пишуваше и зборуваше за Петрушев по завршувањето на сезоната. Се чинеше дека можеби ќе може да остане во Црвена звезда, која за раскин на договорот беше подготвена да му плати на Олимпијакос 1,2 милиони евра.
Неколку Евролиги беа заинтересирани, пред сè Фенербахче и Монако, на крајот кошаркарот изненади со одлуката да замине во Дубаи.
Во својата професионална кариера, Петрушев играше за Мега, Анадолу Ефес, Црвена звезда двапати, а беше и во НБА, каде не доби шанса. за кратко време смени два клуба: Филаделфија, Сакраменто, па реши да се врати во Европа, во Олимпијакос.
Минатата сезона, тој забележа 14,1 поен со 4,9 скока и 1,7 асистенции во 28 натпревари од Евролигата во дресот на Црвена Звезда.
Петрушев ја зголеми балканската колонија во Дубаи. Тренер е Јурица Големац, генерален менаџер Дејан Камењашевиќ, а играчи се Србите Немања Дангубиќ и Данило Анѓушиќ, Словенецот Клемен Препелич и репрезентативците на Босна и Херцеговина Кенан Камењаш и Џанан Муса.
Спорт
(Видео) Шкендија славеше во дуелот со ФЦСБ

Фото/ facebook.com/fcshkendija
Шкендија забележа победа над романскиор првак ФЦСБ (1:0), во првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.
На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, пред 7.000 навивачи, фудбалерите на Шкендија заслужено го совладаа фаворизираниот романски тим.
Шкендија, во првиот дел беше тимот што создаваше шанси, Романците прв пат се заканија кон голот на Шкендија дури во 36.минута.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 65.минута, кога по центаршутот на Цаке, Ибрахим Алхасан погоди со глава.
Пот минути подцна Шкендија остана со играч помалку на теренот, црвен картон доби Ќаке. За среќа во 79.минута патот во соблекувалната му беше покажан и на Романецот, Танасе.
Шкендја можеше да стекне и повисока предност пред реваншот, но голманот Танасе се истакна со две одбрани во 90.минута.
Реваншот е на програмата за седум дена во Букурешт.
Спорт
Евертон сериозно заинтересиран за Кубо

Евертон започна преговори со Реал Сосиедад во врска со потенцијалниот трансфер на на јапонскиот интернационалец Такефусе Кубо. Крилниот напаѓач има 24 години, а во Сан Себастијан пристигна како поранешен член на Реал Мадрид.
Кубо постигна седум гола и додаде четири асистенции за Сосиедад минатата сезона, а неговиот договор е до летото 2029 година. Шпанскиот клуб го проценува на вредност помеѓу 30 и 40 милиони евра, а Евертон го гледа како важно засилување пред новата сезона.
Кубо наводно е отворен за премин во Премиер лигата, и доколку преговорите бидат успешни, трансферот би можел да биде заклучен во наредните денови.
Foto/ EPA