Спорт
Клоп е виновникот што Левандовски не стрелаше за Манчестер јунајтед
Јирген Клоп е „виновен“ што полскиот голгетер Роберт Левандовски не завршил во Манчестер јунајтед, иако легендарниот поранешен менаџер на „ѓаволите“, Сер Алекс Фергусон му се јавил лично на Полјакот.
Напаѓачот на Барселона тогаш играше во Борусија Дортмунд, каде што Клоп беше тренер, и 34-годишниот Полјак во интервју за „Спорт билд“ ја опишува ситуацијата.
„Се сеќавам убаво на тој момент. Имавме пријателска со Дортмунд, мислам дека беше против Бохум. Бев заменет на полуврме и гледам на мобилниот телефон СМС порака со +44. Фергусон се обидел да ми се јави, а потоа ми пратил порака, сакал да зборува со мене. Уште бев во соблекувалната, се истуширав и го повикав. Не знаев многу англиски тогаш, а тој има силен шкотски акцент и морав да се потрудам да разберам што зборува. Тој ме разбра и зборувашее полека. Имав само 22 минути, тоа беше посеебен момент“, објаснува Левандовски.
Додека тој бил заинтересиран, Клоп и генералниот директор Ханс-Јоаким Вацке го блокирале трансферот и го убедиле да остане во Германија.
„Зборував со Аки Вацке и со Јиргн Клоп и сакав да одам во Јунајте. Но, тие ми кажаа: ‘Нема шанса, Роберт, ни требаш, мора да останеш’“, додава Лева.
На крајот, тоа се покажа како добра стратегија за Дортмунд – Левандовски постигна 94 гола во следните три сезони, пред да премине како слободен играч во Баерн Минхен, каде што стана вистинска легенда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos

