Спорт
Клоп ги прозва Јунајтед и Тотенхем и удри против антиваксерите

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се запраша зошто Манчестер јунајтед и Тотенхем ги кријат имињата на позитивните фудбалери на Ковид-19 и во исто време удри по антиваксерите порачувајќи им на фановите да веруваат на експертите за вакцината.
„Ние немаме што да криеме. Најголемата грижа ни е момците да се здрави. Ако некој има грип, ќе кажеме дека имал грип. Ако има скршен палец, ќе го кажеме тоа. Потребно е да се има вистински информации бидејќи така мораме да одиме напред. Знам дека антиваксерите ќе кажат дека Клоп рече да се вакцинираме, а сега негови фудбалери се заразија. Со вакцина има помалку шанси да се заразиш, а дури и да се заразиш, ќе поминеш полесно. Треба отвореност. Во Манчестер јунајтед слушнав повеќе фудбалери се позитивни, но немам поим кои се тие. Не знам кој има вирус во Тотенхем и не сфаќам зошто тоа е неопходно. Нека кажат колку се и кои се. Да не се знае ништо за јавни личности е неприфатливо“, вели Клоп.
Двата меча на Манчестер јунајтед оваа недела беа откажани поради пандемијата, а в понеделник Премиер лигата најави дека ќе разговара за пауза во лигата со повеќе клубови што ја поддржуваат идејата.
? “Knowing nothing in a really public world is quite strange.”
Jurgen Klopp believes ‘more transparency’ about how many players are testing positive for coronavirus at each club would be ‘helpful’ ? #LFC pic.twitter.com/IL0Fm9ZPgE
— Empire of the Kop (@empireofthekop) December 17, 2021
Jurgen Klopp on the COVID-19 vaccine ? pic.twitter.com/lPyaLXs5MI
— Premier League (@premierleague) December 17, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Кварадона“ најдобар играч, Спалети најдобар тренер во Серија А

Сосема очекувано, грузискиот плејмејкер на Наполи, Квича Кварацхелија е избран за најдобар фудбалер во Серија А оваа сезона, додека тренерот Лучано Спалети е најдобриот тренер откако по 33 години донесоа скудето за „партенопеи“.
Тој иронично не е беше вклучен во најдобриот тим на сезоната, бидејќи тој се утврдува според статистиката, а тој не е ниту во класата на напаѓач, ниту класично крило. Најдобар голман е Иван Проведел од Лацио, најдобар дефанзивец соиграчот на Кварацхелија, Ким Мин-Џеј, во одбраната најмногу се покажал Николо Барела од Интер, додека Виктор Осимен е најдобар стрелец.
Кварацхелија ја завршува сезоната во Италија со 12 гола и 13 асиситенции во 33 меча.
🔵 #SerieA💎 #TOTS pic.twitter.com/HzQq9LoWz9
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 2, 2023
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ ја доби битката со француската публика и со Давидович Фокина

Новак Ѓоковиќ влезе во осминафиналето на Ролан Гарос, победувајќи го во три супер-забавни сета Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 7:6(4)/7:6(5)/6:2, во кои повторно имаше конфликт со публиката во Париз, која честопати е позната по тоа што секогаш има свое мислење.
И покрај тоа што мечот беше решен во три сета, Ѓоковиќ дефинитивно немаше лесна работа против 23-годишниот Давидович Фокина, 34. на АТП листата, одигрувајќи два фантастични сета со многу промени на водството. Следен за Србинот ќе биде подобриот од мечот помеѓу Полјакот Хуберт Хуркач и Перуанецот Хуан Пабло Варилјас.
Во првиот сет, Давидович Фокина прв дојде во предност правејќи брејк за 2:3 водство, но Ѓоковиќ врати експресно, за потоа во тесниот тај-брејк да победи со 7:4. Вториот сет беше уште понеизвесен, со вкупно шест брејка, по три за двајцата тенисери, и откако Ѓоковиќ го доби, прво бурно реагираше пред публиката, која јасно беше на страна на Шпанецот. Веднаш потоа, тој побара медицински тајмаут, по што доби дополнителни свирежи, за што саркастично реагираше.
На крајот, во третиот сет, Ѓоковиќ направи брејк за 2:0 водство, за со уште еден брејк за 4:1 да ја запечати победата по 3 и пол часа игра.
— OvoOno (@OvoOnoX) June 2, 2023
Dok se Novaku ukazuje pomoć, publika zviždi… #Djokovic im ironično vraća pic.twitter.com/qNfZK2yQgI
— sportsscandals (@sportsscandals1) June 2, 2023
Спорт
Сабаленка не се чувствува безбедно на прес-конференции, Свитолина подобра од Русинката Блинкова

Поранешната топ 10 тенисерека, Елина Свитолина е во осминфиналето на Ролан Гарос, откако пак се врати од сет негатива за 2:6/6:2/7:5 победа над Русинката Ана Блинкова, додека втората носителка, Арина Сабаленка одби да оди на прес-конференција по 6:2/6:2 победата над Камила Рахимова бидејќи била загрижена за нејзината безбедност.
Откако на сингл турнирот не остана ниту една Французинка, Украинката Свитолина е „натурализирана“ за фановите како сопруга на францускиот тенисер Гаел Монфис, но тоа не ја поштеди од свирежи на крајот на мечот откако повторно не се ракуваше со руската ривалка.
Блинкова имаше одличен старт на мечот со агресивна игра, освојувајќи го првиот сет, но потоа 28-годишната Свитолина, која имаше подолга пауза од тенисот за да се породи со своето прво дете, да се врати импресивно во вториот сет, за потоа во израмнетиот трет сет со само еден брејк да стигне до победа. За неа, во следното коло повторно доаѓа руска ривалка – Дарја Касаткина, деветтата носитека која игра во одлична форма.
Белорусинката Сабаленка пак, одби да оди на прес-конференцијата, откако претходно оваа недела беше вклучена во незгодна расправија со украински новинар. Наместо прес-конференција, таа даде интервју на неколку новинари.
„По мојот меч зборував со медиумите како и вообичаено. Знам дека уште посакуваат прашања кои се политички, а немаат врска со тенисот. Повеќе месеци ги одговарав овие прашања и бев многу јасна. Во средата не се чувствував безбедно на прес-конференцијата и тоа е проблем. Затоа, денеска решив да избегнам таков момент“, изјави Сабаленка.