Спорт
Клоп го договорил првото засилување на Ливерпул за јануари
Ливерпул има лош старт на сезоната во Премиерлигата, но раководството на клубот му даде поддршка на Клоп, а ќе го одврзе и ќесето за нови засилувања во зимскиот преоден рок.
Клоп го договорил првото засилување за јануарскиот преоден рок. Станува збор за играчот од средниот ред на Лајпциг, Конрад Лајмер, кој исто така долго време е на листата на желби на Баерн Минхен.
Договорот на Лајмер со Лајпциг истекува во летото 2023 година, па јануари би бил совршен тајминг за продажба доколку сакаат да заработат пари. Наводно, се е договорено, а Лајмер во јануари ќе стане фудбалер на Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенер му нуди на Џеко нов договор и функција во клубот

Вечерва во Турција на програмата е големото градско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче, кое може го реши шампионатот. Галатасарај има шест бода повеќе од големиот ривал и со евентуална победа ќе направи голем чекор кон одбрана на шампионската титула.
Во пресрет на дербито, турските медиуми, пишуваат за судбината на Един Џеко (38) во Фенербахче.
Ветеранот, оваа сезона одигра 37 натпревари за Фенербахче, постигна 19 гола и имаше седум асистенции во сите натпреварувања. Капитенот на турскиот гигант има договор до крајот на оваа сезона, но Турците пишуваат дека претседателот Али Коч ќе му понуди договор 1+1. Понатаму се додава дека Коч е подготвен на Џеко да му понуди и функција во клубот кога тој ќеја заврши кариерата.
Во блескавата кариера како еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Џеко играше за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер сити, Рома и Интер. Во Турција е од 2023 година.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 2,2 милиони евра.
Спорт
Кошаркарите ги дознаа можните противници во претквалификациите за СП

Фото/ kfsm.mk
Исланд синоќа со победата над Турција ја комплетира листата учесници на Европското првенство во кошарка и воедно ја комплетира листата на национални тимови кои во август оваа година ќе играат претквалификации за пласман во квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година.
Во претквалификациите за Мундијалот во 2027 година ќе играат 12 селекции, меѓу нив е и Македонија.
Можни противници на македонската репрезентација се : Хрватска, Украина, Бугарија, Холандија, Унгарија, Данска, Словачка, Австрија, Норвешка, Романија и Швајцарија.
Претквалификациите ќе се одржат од 2. до 20.август. Ќе бидат формирани четири групи со по три селекции, а првите две од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.
Спорт
(Видео) Ваков нокаут ретко се гледа и во боксот

Натпреварот меѓу уругвајските клубови Пајсанду Интериор и Сориано Капитал (1:0) го најде својот пат до светските медиуми поради потегот што припаѓа на боксерски ринг, а не на фудбалски терен.
Марио Гонзалес е името на играчот кој бранува на социјалните мрежи поради неговото насилно однесување, а Енцо Ечевесте е името на неговата жртва.
Се се случи на две минути пред крајот на натпреварот.
Во последните моменти од мечот, настана мешаница меѓу фудбалерите по еден прекршок. Гонзалес беше опкружен со неколку играчи, а Ечевесте му пријде одзади на противникот и го фати за врат. Откако се извлече, Гонзалес се сврте и го удри Ечевесте во лицето, кој само се струполи на тревата.
„Да заборавиме се што се случи. Се е во ред, мораме да се фокусираме на следниот натпревар и да го оставиме ова зад нас. Ви благодарам на сите за загриженоста и пораките. Добро сум”, изјави Ечевесте по натпреварот.
"TODO PELOTA"
Por la tremenda trompada que le pegó el futbolista Mario González a un jugador rival en el partido de Soriano Capital ante Paysandú Interior en Uruguay. En mis libros, todo pelota, qué pedazo de trompada que le dio el hijo de re mil puta.
pic.twitter.com/fyJNFXPLth— Tendencias en Deportes (@TendenciaDepor) February 23, 2025