Спорт
Клоп: Го почитуваме Борнмаут, не сакавме да ги понижиме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по убедливата победа на Ливерпул над Бурнмаут изјави дека е задоволен од начинот на кој играа „црвените“ во моментите кога мечот веќе беше решен.
Ливерпул го израмни рекордот во Премиер лигата со победата од 9:0. На овој начин тимот од „Енфилд“ повеќе од успешно одговори на поразот од големиот ривал Манчестер јунајтед.
Не сакавме да го понижиме Борнмут, имаме многу почит кон нив, но сакавме да видиме под колкав притисок можеме да ги ставиме нашите ривали. Имав можност да им дадам шанса и на младите играчи, тие тоа го заслужуваат. Харви Елиот е посебен играч, постигна одличен гол. Сè беше речиши совршено“, изјави Јирген Клоп.
Следниот натпревар Ливерпул на домашен терен го игра на 31. август против Њукасл јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Милан во слободен пад, загуби и во Болоња

Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2:1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години.
Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел.
Ова е втор последователен пораз за Милан. Сега се осми со 41 бод, додека Болоња има три бода повеќе и се наоѓа на шестата позиција.
Во следното коло тимот од Милано на домашен терен игра против Лацио, додека Болоња ќе му гостува на Каљари.
Спорт
Жестока казна за Жозе Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај.
Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај.
Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.
Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе мора да плати парична казна од 35.194 фунти.
Однесувањето на Мурињо беше окарактеризирано како „чин против „спортскиот дух“ и „спротивно на етиката на спортот и концептот на фер-плеј“.
Фенербахче и официјално потврди дека ќе се жали на казната која му е изречена на Мурињо.
Спорт
Убедлив пораз на пелистер во Берлин

Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз во Берлин од Фуксе (39:29) во претпоследното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Со овој пораз македонскиот шампион остана без шанси за пласман во нокаут фазата.
Фуксе ја оправда улогата на апослутен фаворит. Во која насока ќе се движи натпреварот беше јасно по само десет минути игра кога домашниот тим дојде до водство 7:1. Пелистер до крајот на првиот дел успеа да истопи дел од предноста, но во вториот дел немаше сили да одговори на ритамот на Фуксе.
Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Шебиб постигна шест. Кај Фуксе Ландоф и Гидсел дадоа по девет.
Пелистер во последното коло го пречекува ПСЖ.