Спорт
Клоп ја исмеа идејата на газдата на Челзи: Можеби планира да ги донесе Харлем глобтротерс?
Американскиот бизнисмен Тод Боели (48) го презеде раководењето на Челзи на крајот на мај. Боели го наследи Роман Абрамович, кој беше принуден да се повлече. Челзи летово потроши 300 милиони евра и толку лошо ја започна сезоната што Боели мораше да го отпушти менаџерот Томас Тухел.
Се чини дека Боели фудбалот не го интересира премногу, туку е заинтересиран за правење пари. Американецот предложи англиските клубови да ги имитираат американските. Смета дека треба да се воведе Ол-стар натпревар во Премиер лигата.
„МЛБ го одигра првиот Ол-стар натпревар оваа година. В понеделник и во вторник заработија 200 милиони долари. Во Премиер лигата можеше да се игра натпревар меѓу Север и Југ на тој начин лесно би се заработиле дополнителни пари“, рече Боели.
Експресно на оваа изјава реагираше менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Не му требаше долго. Одлично, можеби би можел да најде место во календарот за тоа. Можеби планира да ги донесе Харлем глобтротерс? Во САД е многу поинаку“, рече Германецот, познат по критиките за голем број натпревари во една сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алегри прифатил понуда од Саудиска Арабија
Масимилијано Алгери доби отказ во Јувентус по 48 часа откако го освои Купот на Италија. Алегри имаше свое шоу крај аут-линијата во финалето против Аталанта и токму неговото недолчно однесување ги натера клупските челници да му врачат отказ.
Јувентус разаочара сезонава и покрај тоа што избори место во Лигата на шампионите и го освои Купот.
Алегри во петокот доби отказ, а дел од италијанските медуми во понеделникот објавија дека тој веќе добил понуда за работа.
Понудата била испратена од Саудиска Арабија, не се наведува за кој клуб станува збор, но како што пишуваат медиумите Алегри решил да ја прифати само поради изворедните финансиски услови што му биле понудени.
Спорт
Златко Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕУРО 2024
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ го објави спискот со играчи кои ќе настапа на Европсото првенство во Германија.
Хрватска на континеталниот шампионат е во групата Б со селекциите на Шпанија, Италија и Албанија.
Првиот меч на ЕП, Хрватска ќе го одигра на 15 јуни од 18 часот против Шпанија, а натпреварот ќе се игра во Берлин на Олимпискиот стадион.
Во второто коло, на 19 јуни, Хрватска ќе игра против Албанија во Хамбург на „Фолкспарксштадион“.
Избраниците на Златко Далиќ групната фаза ќе ја завршат на 24 јуни на дуелот против Италија. Тој натпревар се игра од 21 часот во Лајпциг на „Ред Бул“ арена.
Во осминафиналето ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации од секоја група, а ќе им се придружат четирите најдобри третопласирани репрезентации од шесте групи.
Европското првенство во Германија се игра од 14 јуни до 14 јули.
Спикото на Хрватска за ЕУРО 2024:
Голмани: Доминик Ливаковиќ (Фенербахче), Ивица Ивушиќ (Пафос), Недиљко Лабровиќ (Риека)
Одбрана: Јосип Јурановиќ (Унион Берлин), Јосип Станишиќ (Баер Леверкузен), Мартин Ерлиќ (Сасуоло), Јосип Шутало (Ајакс), Домагој Вида (АЕК), Марин Понграчиќ (Лече), Јошко Гвардиол (Манчестер Сити), Борна Соса (Ајакс)
Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Марсело Брозовиќ (Ал Наср), Матео Ковачиќ (Манчестер Сити), Ловро Мајер (Волфсбург), Марио Пашалиќ (Аталанта), Лука Иванушец (Феенорд), Мартин Батурина (Динамо), Лука Сучиќ ( Салцбург), Никола Влашиќ (Торино)
Напад: Анте Будимир (Осасуна), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Бруно Петковиќ (Динамо), Иван Перишиќ (Хајдук), Марко Пјаца (Риека), Марко Пашалиќ (Риека).
Спорт
Поп Ацев влезе во интернационалната Куќа на славните
Maкедонскиот маратонец, Евгениј Поп Ацев стна дел од Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонско пливање
Поп Ацев е примен како почесен пливач во класата 2024 година.
„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.
Низ кариерата Поп Ацев победувал на многу маратони ширум светот, а стана и трикратен светски шампион во 2015, 2017 и 2019 година.