Спорт
Клоп: Ќе останам до крајот на договорот
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека ќе остане во клубот до крајот на договорот. Германецот има договор со „црвените“ до јуни 2022 година.
Клоп, минатат сезона со Ливерпул ја освои титулата во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата заврши на второто место со бод помалку од шампионот Манчестер сити.
„Нема да заминам до крајот на договор. Тое е моја желба. Поради тоа е важен договор. Имаме доволно време за носење одлуки околу новиот договор. Не треба сега тоа да го правиме. Три години е предолг период за да бидеме загрижени. Повторувам, станува збор за обичен договор“, рекол Клоп.
Ливерпул новата сезона ќе ја отворат на 4 август кога ќе играат против Манчестер сити во Супер купот на Англија, а сезоната во Премиер лигата ќе ја стартуваат на 9 август против Норич.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ
Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер.
Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на Влаховиќ. Нивната намера е да го задржат Рандал Коло Муани, Францускиот репрезентативец неодамна го засили клубот. Одлично се вклопи постигна три гола во првите два натпревари.
Планот на Јувентус е и наредната сезона да го задржат Муани на позајмица, а по завршувањето на сезоната 2025/2026 да го откупат од ПСЖ за 45 милиони евра.
Јувентус не сака веднаш да го купи Муани, бидејќи во летниот преоден рок за 30 милиони евра сака да го ангажира дефанзивецот на Феенорд, Словакот Давид Ханцко.
Покрај Ханцко, во летниот преоден рок, челниците на „старата дама“ ќе тргнат и по Виктор Осимен. Нигериецот сезонава е позајмен во Галатасарај, а се претпоставува дека Наполи ќе прифати 75 милиони евра.
Спорт
Алаба (повторно) се повреди
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб.
Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели.
Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против Лас Палмас, по што влезе од клупата за резерви во следните три натпревари, за да го заврши претходното коло од шпанската Ла Лига против Еспањол како неискористена резерва.
Алаба му се приклучи на Реал Мадрид во 2021 година, како слободен играч од Баерн Минхен.
Реал Мадрид е прв во поредокот во Ла Лига со 49 бодови, додека во Лигата на шампионите ќе игра бараж со Манчестер сити за место во осминафиналето, откако заврши на 11. место по првата фаза од натпреварувањето.
Реал утре ќе му гостува на Леганес во четвртфиналето на шпанскиот Куп, а на 9.февруари во градското дерби ќе го пречека Атлетико. Овие натпревари и баражот со Манчестер сити ќе ги пропушти и Антонио Ридигер, кој се повреди во саботата против Еспањол.
Спорт
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1.февруари e пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот „Informacion“.
Телото е предадено на обдукција, но шпанската полиција верува дека се работи за несреќен случај.
Јаков, кој бил жител на швајцарскиот град Зермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб „Упикум“, по што му се губи секаква трага.
Тој беше во Шпанија бидејќи неговиот фудбалски клуб ФК Гранж-Пакот од Швајцарија играше натпревар во Аликанте.
Фудбалерите, во петокот вечерта, биле во споменатата дискотека „Упикум“, а откако ја напуштиле, фудбалерите се упатиле кон хотелот. Јаков се вратил во дискотеката бидејќи ја заборавил јакната.
Швајцарските медиуми пишуваат дека пријателите сфатиле дека тој не е во својата соба во саботата наутро. Тоа им било сомнително, па го пријавиле за исчезнат, полицијата во текот на истрагата успеала да го лоцира младиот човек на снимката од надзорните камери, на кои се гледа како сам оди кон областа „Дигитал Дистрихкт“ во пристаништето Аликанте. Токму на тоа место му бил прекинат сигналот од мобилниот телефон.
Следното утро полицијата го пронашла телото на Јаков на длабочина од околу два метри, на крајот од пристаништето.
Во вторник во Институтот за правна медицина во Аликанте ќе биде извршена обдукција за да се утврди дали е точна теоријата дека младиот човек починал од давење по несреќен пад.