Спорт
Клоп: Ливерпул мора да „страда“ за да го помине Вилјареал

Јирген Клоп смета дека неговиот Ливерпул мора да биде „подготвен да страда“ против Вилјареал за да запечати место во финалето на Лигата на шампионите.
„Црвените“ имаат 2:0 предност од првиот меч на домашен терен и се фаворити да влезат во трето финале на ЛШ во послените пет години, но германскиот менаџер ги предупредува неговите играчи дека ќе биде многу тешко на „Керамика“.
„Поради ситуацијата до која стигнавме, јасно е дека некои работи ги направивме исправно. Но, во нашата работа, работите се совршени само до почетокот на следниот натпревар, бидејќи веднаш може да се дојде до поинаква динамика. Во вторник ќе мораме да бидеме подготвени да страдаме, и да го водиме мечот во вистинска насока. Ако дозволиме ран гол, публиката ќе се крене и секој предизвик станува потежок. Да бидеме поготвени да играме најдобар меч во историјата, но да знаеме дека тоа може да не се случи. Да страдаш не значи само долго да страдаш, туку да страдаш и да реагираш“, вели Клоп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвена Звезда и Хајдук Сплит со куп-трофеи во Србија и во Хрватска

Црвена Звезда освои двојна круна во Србија откако во финалето на Купот на Србија, го совладаа Партизан со 2:1, со головите на Александар Катаи.
Најдобриот играч на Црвена Звезда во 26. минута донесе водство, а израмни Урошевиќ. Катаи постигна втор гол за Црвена Звезда во 72.минута и го одлучи мечот.
Хајдук Сплит е победник на Купот на Хрватска откако ја победи Ријека со 3:1. Ова беше и пресметка со „македонски предзнак“, со оглед дека и во двата тима има македонски репрезентативци. На крајот, се радуваше Јани Атанасов, а тагата остана за Дарко Велковски.
Јосип Дрмиќ во 13.минута донесе водство за Ријека, но израмни Феро. Потоа два гола за Хајдук постигна Дарио Мелњак во 36. и во 56.минута.
Спорт
Борко Ристовски: Горд сум на овие ракометари на Вардар

Ракометарите на Вардар ја освоија двојната круна во Македонија, откако денеска триумфираа против Тиквеш (37:25) и го потврдија шампионскиот пехар.
Искусниот голман Борко Ристовски вели дека сезоната беше турбулентна, но вардарци на крајот ја комплетираа со двоен триумф, и во првенството и во Купот.
„Ова беше една турбулентна сезона со успеси и со падови, но Вардар сепак ја покажа големината. Успеавме да ја освоивме двојната круна и горд сум на овие ракометари. Ќе се обидеме да дојдеме до подобри резултати следната сезона и во Лигата на шампионите“, изјави Борко Ристовски.
Спорт
Наташа Андонова уште две години во дресот на Леванте

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, ќе биде членка на шпанскиот прволигаш Леванте и во наредните две сезони. Таа денеска потпиша нов двегодишен договор со клубот.
Андонова е фудбалерка на Леванте од 2019 година каде пристигна од редовите на Барселона.
Пред да се пресели во Шпанија, Наташа Андонова настапуваше за ПСЖ, Розенгард и за Турбине Потсдам. Кариерата во Македонија ја почна во Тиквешанка, а потоа настапуваше и за Борец Велес.
View this post on Instagram