Спорт
Клоп: Не знам како успеавме
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека е преплавен од емоции по неверојатниот пресврт што го направија неговите фудбалери против Барселона. Ливерпул со вкупен резултат 4:3 се пласираа во финалето.
„Ова е премногу дури и за мене. Игравме против веројатно најдобриот тим во светот. Сма по себе победата е тешка, но тоа го направивме без да примиме гол…Не знам како успеавме во тоа. Ова што се случи е неверојатно“, рекол Клоп.
Германецот објаснил како неговите играчи му пристапиле на натпреварот во кој немале што да загубат.
„Моравме да бидеме сериозни и дрски во исто време. Тоа беше неопходно. Предвидливите работи Барселона ги брани одлично. Но морате да бидете непредвидливи. Така беше кај последниот гол. Видов дека топката лета во голот, но не го видов корнерот, ниту кој го изведе. Луѓето околу мене се прашуваа што се случило“, рекол Клоп.
Ливерпул втора година по ред ќе играат финале во Лигата на шампионите, лани беа поразени од Реал (3:1). Оваа година во Мадрид противник на „црвените“ ќе им биде победникот од дуелот помеѓу Ајакс и Тотенхем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ на пенали го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул испадна од Лигата на шампионите. На „Енфилд“, ПСЖ го елиминира Ливерпул по избедувањето пенали со 4:1, откако претходно го доби натпреварот по 90 и 120 минути игра со голот на Дермбеле во 12.минута.
ПСЖ на „Енфилд“ имаа перфектна пенал серија. Четворица погодија: Витиња, Гонзало рамош, Дембеле и Дезире Дуе, но апсолутен херој е голманот Донарума кој ги одбрани ударите на Дарвин Нуњез во втората и Џонс во третата серија. Само Салах реализираше пенал за Ливерпул во првата серија.
ПСЖ во четвртфиналето ќе игра против Астон Вила и Клуб Бриж. Првиот натпревар, одигран минатиот вторник, Астон Вила го доби со 3:1.
Претходно пласман во четвртфиналето изборија Барселона, Баерн Минхен и Интер.
Спорт
Мбапе е повреден, неизвесен е за реваншот со Атлетико

Килијан Мбапе е под знак прашалник за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Реал. Реал Мадрид ќе го брани водството од 2-1 од првиот натпревар против градскиот ривал, но можно е тоа да биде без својот најдобар стрелец.
Мбапе претрпе удар во зглобот на натпреварот против Рајо Ваљекано овој викенд и утре ќе биде подложен на тестови за да се утврди дали може да игра против Атлетико. Поради гореспоменатите проблеми со зглобот, Мбапе воопшто не тренираше во понеделникот, додека во вторникот работеше индивидуално.
Мбапе има одлична дебитантска сезона за Реал Мадрид. Французинот веќе постигна 29 гола на 42 натпревари и е најдобар стрелец. Мбапе е исто така на добар пат да стане рекордер на Реал во својата дебитантска сезона, бидејќи актуелниот рекордер Иван Заморано постигна 37 гола во својата прва сезона.
Спорт
(Видео) Баерн и Интер си ги чекираа билетите за четртфиналето

Баерн Минхен и Интер, вечерва го потврдија своето учество во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. Баерн и во вториот меч го совлада актуелниот германски првак Баер, овојпат во Леверкузен, а Интер лесно излезе на крај и во реваншот против Феенорд.
Баварците во првиот натпревар во Минхен остварија убедлива победа (3:0) и практично се обезбедија место меѓу најдобрите осум, кое само го потврдија во Леверкузен со победата 2:0.
Хари Кејн имаше своја ноќ. Во 52. минута ја искористи асистенцијата на Џошуа Кимих и го доведе Баерн во предност, а во 71. минута му асистираше на Алфонс Дејвис.
Баерн во четвртфиналето ќе игра со Интер, кој рутински го оодигра реваншот против Феенорд.
Натпреварот на „Џузепе Меаца“ заврши со резултат 2:1 (1:1).
Нероаѕурите го добија првиот меч во Ротердам со 2:0 и брзо поведоа во реваншот со голот на Маркус Турам, веќе во осмата минута.
Холанѓаните не се предадоа и успеаја да израмнат на крајот од првото полувреме со голот од пенал на Јакуб Модер. На пеналот му претходеше прекршок врз поранешниот играч на Брајтон и полски репрезентативец.
Во вториот дел пенал доби и Интер, реализатор беше Хакан Чалханоглу.
Првите натпревари од четвртфиналето се закажани за 8 и 9 април, а реваншите на 15 и 16 април.