Спорт
Клоп: Нема титула поради корона вирусот? Кој е луд да верува во тоа? (видео)
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се потсмеваше со тврдењата дека Премиер лигата може да ја поништи сезоната доколку се случи епидемија на корона вирусот во Англија.
Ова доаѓа откако „Дејли телеграф“ посочи дека ПЛ нема план за прерано откажување на сезоната, што значи дека сезоната може да биде поништена, а на Ливерпул да не им се даде титулата и покрај тоа што имаат 22 поени на врвот на табелата.
Пред дуелот од ФА купот со Челси во вторник, Клоп беше јасен.
„Не мислам дека нашите фанови се параноични поради корона вирусот. Мислам дека никој не е загрижен за тоа. Ако сакате да зборуваме за тоа колку смисла има тоа, тогаш кој ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона? Тоа е убава приказна, но никој не верува во неа. Фановите на Ливерпул не се толку луди да веруваат во тоа“, вели Клоп.
Klopp responds to reports the Premier League could be canceled:
?”It’s a nice story, Liverpool fans are not silly enough to believe this” #LFC pic.twitter.com/nEvdFPgiuY
— TheKop.com (@TheKop_com) March 2, 2020
Најмладиот стартен тим на Ливерпул го совлада Шрузбери со 1:0 во четвртото коло, но Клоп признава дека сите од нив нема да играат против Челси.
„Тие е наши момци и го направија тоа што го направија. Ако го освоиме ФА купот, тие ќе бидат тука да прославуваат. Утре сигурно нема да играат сите, но ќе има некој во тимот, ќе видиме дали ќе стартува“, додава Клоп.
Ако корона вирусот ја прекине сезоната, Ливерпул ќе остане без титула?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Леброн се врати, Дончиќ доминираше против Јута – Детроит Пистонс вака не играле 18 години
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа 11-та победа во 15-от натпревар од почетокот на сезоната. „Езерџиите“ на домашен терен ги победија Јута Џез со 140:126.
Доминираше Лука Дончиќ со 37 поени, пет скока и десет асистенции, по него следуваа Остин Ривс со 26 и Диандре Ајтон со 20 поени и 14 скока. Кај гостите се истакнаа Кејонте Џорџ со 33 и Лаури Марканен со 31 поен.
На овој натпревар, Леброн Џејмс, кој е во својата 23-та сезона во НБА, го одигра својот прв натпревар.
Еден од најдобрите кошаркари во светот забележа дабл-дабл учинок со 11 поени и 12 асистенции во своето деби.
Леброн така стигна до неверојатната бројка од рекордни 1.293 натпревари во кои имаше двоцифрен број поени.
Џејмс не успеа да постигне поен во првите 11 минути на теренот, но потоа погоди две тројки по ред, што беше доволно да го престигне Реџи Милер како шести најдобар тројкаш во историјата на лигата.
Изминатата ноќ, нова победа забележаа Детроит Пистонс. Лидерот на Истокот, ја забележа 13-та победа во сезоната, а триумфот во Атланта (120:112) беше нивни 11-ти по ред.
Кејд Канингем, кој се врати од повреда, постигна 25 поени со десет асистенции.
Џејлен Дурен, кој игра одлично оваа сезона, го заврши натпреварот со 24 поени, Данкан Робинсон постигна 14 поени.
Кај Атланта, Џејлен Џонсон имаше 25 поени, Хокс беа сериозно ослабени, бидејќи на теренот го немаше Закари Ризаше заедно со Треј Јанг и Кристапс Порзингис.
Резултати:
Орландо – Голден стејт 121:113
/Бејн 23 – Кари 34/
Бруклин – Бостон 99:113
/Портер 25 – Браун 29/
Сан Антонио – Мемфис 111:101
/Фокс 26 – Кауард 19/
Портланд – Феникс 110:127
/Шарп 29 – Букер 19/
Спорт
Не одиграа ниту еден натпревар дома, а се пласираа на Светското првенство
По 52 години, фудбалската репрезентација на Хаити, повторно ќе игра на Светското првенство.
Во решавачкиот натпревар, Хаити ја победи Никарагва (2:0) со головите на Дедсон и Провиденс и со тоа заврши како лидер во квалификациската група Ц, во зоната КОНКАКАФ пред Хондурас.
Можеа да изборат пласман и со нерешен резултат, бидејќи Хондурас одигра нерешено против Костарика (0:0), но решија да не ја остават својата судбина во туѓи раце, бидејќи облогот беше да се вратат на најголемата сцена по повеќе од половина век.
Приказната на оваа репрезентација е уште поголема, ако се знае дека не одиграа ниту еден натпревар на домашен терен во овие квалификации.
Од атентатот врз претседателот Жовенел Моиз во 2021 година, во земјата постојано се водат војни на бандите кои се борат за превласт. Главниот град Порт-о-Пренс е 85 проценти под нивна контрола, додека минатата година го „презедоа“ националниот стадион, пишува „ESPN“.
Во вистинска смисла на зборот, не одиграле натпревар како домаќини повеќе од четири години, но ништо од тоа, дури ни поплавите и лошото време што никогаш не ги заобиколуваат, не ги спречија да се пласираат на завршниот турнир по втор пат во нивната историја.
Покрај Хаити од зоната КОНКАКАФ, пласман на СП изборија Курасао и Панама, додека патото до Мундијалот преку интерконтиненталниот баражот ќе го бараат Јамајка и Суринам.
Foto/ EPA
Спорт
Курасао, најмала држава учесник на Светско првенство
Малата карипска нација Курасао стана најмалата земја во историјата што некогаш се квалификувала за Светското првенство во ФИФА.
Тимот на познатиот Холанѓанец, Дик Адвокат, одигра нерешено 0:0 против Јамајка во Кингстон во последното коло од квалификациите за зоната КОНКАКАФ.
Оваа мала островска нација, сместена во Карибите, има само 156.115 жители и површина од само 444 квадратни километри, а според двата критериуми ќе биде најмалиот учесник во планетарното натпреварување досега.
Курасао ги заврши квалификациите како единствена непоразена екипа на турнирот на врвот од Групата Б со 12 бода.
Тие го подобрија рекордот на Исланд кога се квалификуваа во 2018 година со население од нешто повеќе од 350.000.
Покрај Курасао, директно на Светското првенство, кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, се квалификуваа и Хаити и Панама.
Јамајка и Суринам ќе бараат место меѓу 48-те екипи преку интерконтинеталниот бараж.
Foto/ EPA

