Спорт
Клоп за Дарвин: Ќе го оставам да отспие, па ќе му кажам се
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не е среќен поради ремито со Кристал Палас, но е свесен дека и бодот е добар по сè што се случуваше на теренот. Ливерпул одигра 1:1 со гостите од Лондон и тоа откако успеа да израмни со играч помалку. Кристал Палас поведе со голот на Заха од брилијантен контранапад, домашните ја анулираа предноста благодарение на индивидуалната акција на Луис Дијаз.
Мечот го обележа црвениот картон на најскапото засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Уругваецот без топка го нокаутира Јоаким Андерсон.
„Имавме позитивен разговор на полувремето. Сè беше на свое место и потоа добивме црвен картон. Тоа беше провокација од страна на нивниот играч, но и заслужен црвен картон. Влеговме во неволја, но, за среќа, Луис постигна светски гол. Секако дека не сме задоволни со освоениот бод, но со оглед на тоа во каква ситуација се наоѓавме треба да бидеме задоволни.
Дарвин Нуњез се соочи со критики од англиските медиуми уште од првиот ден. Тој игра под голем притисок поради огромните пари платени за неговиот трансфер и неблагодарната улога да го замени големиот Садио Мане.
„Некој ме праша пред натпреварот дали Дарвин треба да стартува? Реков да, бидејќи немаме друг напаѓач, а исто така е добар“, изјави Клоп.
Уругваецот сè уште чека брифинг со „газдата“.
„Не можам да негирам дека тоа беше црвен картон. Се разбира, така не треба да се однесува. Ќе го оставам сам да отспие, потоа ќе разговарам со него“, изјави германскиот селектор.
Екипата на Ливерпул веќе во третото коло има дерби со најголемиот ривал Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

