Спорт
Клоп знае зошто Мане и Салах се во топ-форма – не пијат алкохол
Јирген Клоп ги нарече Мохамед Салах и Садио Мане „природни сили“, откако одиграа седум меча на Африканскиот куп на нации и уште се во топ форма, само бидејќи не пијат алкохол.
Салах и Мане играа во финалето на турнирот во Камерун, но се вратија кај „црвените“ при победата кај Барнли во неделата и најверојатно ќе бидат стартери во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите кај Интер. Клоп вели дека клучниот фактор е тоа што не пијат алкохол.
„Една недела за нив не е проблем. Тие не пијат алкохол, така што беа фит еден ден по финалето. Двајцата се сила на природата и се надевам дека ќе останат такви засекогаш. За Мо имаше пауза неколку дена по финалето, а на Садио една недела поради прославите, но двајцата се супер. Не сум изненаден“, вели Клоп.
Салах, Мане, како и нивниот соиграч Наби Кеита, се муслимани, што значи дека апстинираат од алкохол, и на пример кога ја освоија титулата од Премиерлигата во 2020, славеничкото шампањско на „Енфилд“ било безалкохолно поради Салах и Мане.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓорческа елиминирана во второто коло за АО од Зиданшек
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да го мине второто квалификациско коло на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен.
Ѓорческа, по повеќе од два часа борба, загуби од Тамара Зиданшек со 1:2 (6:4, 2:6, 5:7).
Лина Ѓорческа добро започна, го доби првиот сет, откако направи два брејка, но доживеа пад во играта во вториот сет, кој релитивно лесно го доби Зиданшек.
Почетокот на третиот сет и припадна на Ѓорческа, го отвори со брејк, имаше предност од 3.1, но потота нејзината игра се распадна, Зиданшек се врати во мечот, а во 12-от гем го направи клучниот брејк кога ја искористи втората меч топка.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

