Спорт
Клубовите од Серија А го одбија предлогот за плејоф/плејаут

Клубовите од Серија А ја отфрлија идејата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) за играње на плејоф и плејаут на крајот на сезоната доколку продолжи ситуацијата со корона вирусот.
Лигата имаше собрание вечерва со видео-повици за да се одлучи како би завршила сезоната по крајот на блокадата од корона вирусот и според „Ла газета дело спорт“, клубовите ја отфрлиле можноста за плејоф/плејаут, и наместо тоа планот е да се играат натпревари секои три дена и да се искористи целиот јуни за да се заврши сезоната нормално.
Ова, секако, ќе значи дека Европското првенство 2020 ќе биде откажано, нешто што изгледа дека е многу веројатно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Маса бара правда – Го тужи Еклстон за 82 милиони долари

Фелипе Маса започнува правна битка за скандалот од 2008 година, барајќи дури 82 милиони долари отштета за познатиот Афера „Крашгејт“ што ја потресе Формула 1 во 2008 година.
Поранешниот возач на Формула 1 со 11 победи во кариерата ќе се појави пред Високиот суд во Лондон на 28 октомври.
Маса одлучи да поднесе тужба по коментарите на Берни Еклстоун за германскиот Ф1 Инсајдер во врска со инцидентот во Сингапур.
Да ве потсетиме дека тимот на Рено, во текот на трката, му нареди на Нелсон Пике помладиот намерно да се удри во ѕидот. Неговиот судир предизвика да излезе безбедносното возило, што му го отвори патот кон победата на Фернандо Алонсо.
Тој потег ги уништи шансите на Маса, а дополнителна штета беше предизвикана од голема грешка на тимот на Ферари во боксот. Бразилецот тврди дека без тој инцидент тој ќе ја освоеше титулата во 2008 година наместо Луис Хамилтон.
Во интервју за „Тајмс“, тој нагласи колку му е важна „одговорноста“ во спортот.
„Одговорноста е клучна за спречување на идни измами“, рече Маса.
„Оние кои се задолжени за заштита на спортот директно ги прекршиле своите обврски и не смеат да профитираат од криењето на сопствените злодела.
Таквото однесување е неприфатливо во кој било сегмент од животот, но особено во спорт што го следат милиони, вклучително и деца“.
Неговата одлука да оди на суд дојде откако Еклстоун рече дека тој и поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли, знаеле што се случило во Сингапур.
Еклстоун сега тврди дека неговите зборови биле погрешно преведени.
Тој дури се прашува како е можно случајот на Маса воопшто да биде „разгледан на суд“.
„Ова беше интервју што го дадов на некого во Германија“, објасни Еклстоун за „Тајмс“.
„И тој новинар не зборуваше многу добро англиски во тоа време и запишуваше белешки, а подоцна некој од Англија ја презеде работата.
Адвокатите што ме застапуваат мене, ФИА и Ф1 не разбираат како ова може да стигне до суд.“
Поранешниот шеф на Формула 1 негираше какво било прикривање.
„Нема начин на светот некој да ја промени или откаже таа трка“, додаде тој.
Спорт
Импресивен список на дефанзивци чии договори истекуваат во јуни 2026 година

Летниот преоден рок беше интересен, особено во Премиер лигата, а сигурно ќе бидат интересни и следните два. Особено кога ќе ја видите листата на дефанзивци чии договори во нивните сегашни клубови ќе истекуваат на 30 јуни 2026 година пред Светското првенство.
Таа листа е долга дури и ако ги земеме само трите најсилни национални првенства: Премиер лигата, Бундеслигата и Ла Лига.
Има дури осум дефанзивци во последната година од нивните договори во Премиер лигата. Оние кои дефинитивно интерес ќе покажат повеќе клубови.
Тука се Ибрахима Конате од Ливерпул и Марк Гуеи од Кристал Палас, чии трансфер пропадна во последните минути од летниот преоден рок.
Потоа тука се Џон Стоунс од Манчестер Сити, Маркос Сенеси од Борнмут, Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, Адам Вебстер од Брајтон, Џејмс Тарковски од Евертон и Фабијан Шер од Њукасл.
Што се однесува до Бундеслигата, Диао Упамекано е во последната година од договорот со Баерн, Никлас Суле и Емре Џан со Борусија Дортмунд.
Интерсна е и листата во Ла Лига.
Антонио Рудигер е во последната година од договорот со Реал, а Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен во Барселона. Тука е и Јерај Алварез од Атлетик Билбао.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Сергеј Милинковиќ-Савиќ во јануари доаѓа во Јувентус?

Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира да го засили својот среден ред во јануарскиот трансфер период, откако клупското раководство увидело дека моменталната линија заостанува во споредба со ривалите во Италија.
Според информации на „Тутоспорт“, „бјанконерите“ повторно ја насочиле целта кон поранешниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Директорот на клубот, Дамиен Комоли, е решен да донесе нов централен играч за врска, при што ѕвездата на Ал-Хилал се наоѓа меѓу приоритетните трансфер цели.
Во текот на летниот преоден рок, Јувентус исто така бараше креативно засилување во средниот ред, но на крајот фокусот беше ставен на напаѓачите Џонатан Дејвид, Лоис Опенда и Едон Жегрова, како и на десниот бек Жоао Марио.