Спорт
Коболи откри што му кажал Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Флавио Коболи играше во своето прво четвртфинале на Гренд слем против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, губејќи со 7:6, 2:6, 5:7, 4:6 за три часа и 11 минути.
Ѓоковиќ така закажа дуел со ривалот на Коболи и моментално најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, додека на Флавио му останаа само спомени од ова четвртфинале.
Кога натпреварот заврши, двајцата тенисери се поздравија на мрежата, а новинарите беа заинтересирани што му рекол Ѓоковиќ на Коболи.
„Кога се поздравивме на мрежата, тој ми рече дека наскоро ќе влезам во Топ 10 на АТП листата и дека ќе бидам таму многу години“, откри Коболи.
Флавио го победи Марин Чилиќ во осминафиналето за да закаже дуел со најуспешниот тенисер на сите времиња, но не можеше да го победи Ѓоковиќ за да стигне до историското полуфинале.
Коболи беше 26 поени зад Новак Ѓоковиќ, а имаше 51 винер и 44 неизнудени грешки.
Фото/EPA/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стоперот на Барнли е втор најдобар стрелец на Сити оваа сезона во Премиер лигата

Манчестер сити не ја започна сезоната онака како што посакуваа во клубот. Доживеаја два порази во Премиер лигата и на табелата имаат пет поени помалку од лидерот Ливерпл.
Она што може да го радува Пеп Гвардиола се офанзивните перформанси на неговиот тим. По шест кола се најдобри во англиското првенство, но ако целосно се погледне статистиката забележлива е една бизарност.
Имено, втор најдобар стрелец на „Граѓаните“ е стоперот на Барнли. Максим Естеве. Минатиот викенд во убедливиот триумф на Манчестер сити (5:1), Естеве постигна два авто-гола.
Со тоа, тој ги престигна четворицата играчи на Пеп Гвардиола кои постигнаа само еден гол оваа сезона.
A match to forget for Burnley defender Maxime Esteve… two own goals in the match against Manchester City. ❌❌ pic.twitter.com/Sfnn9eTRxC
— EuroFoot (@eurofootcom) September 27, 2025
На прво место, секако е Ерлинг Халанд. Норвежанецот не само што е најдобар во таборот на Сити, туку и ја предводи листата на Премиер лигата со осум гола.
Следниот предизвик на Сити е гостувањето кај Брентфорд на 5 октомври во 17:30 часот.
Спорт
Џуд Белингем најдобар англиски фудбалер за минатата сезона

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и навивачите го дадоа својот глас и заеднички одлучија дека Џуд Белингам е најдобриот англиски фудбалер за сезоната 2024/2025.
Веднаш зад него беа Деклан Рајс и Хари Кејн, што покажува дека конкуренцијата за оваа награда беше навистина голема.
Тој одигра осум натпревари за националниот тим, а Англија избори промоција во А дивизијата на Лигата на нации. Покрај тоа, тој учествуваше и во квалификациските натпревари за Светското првенство.
Тој е вториот играч што ја освоил оваа награда, а да не настапува во Премиер лигата, претходно тоа му успеа на Овен Харгривс во дресот на Баерн.
Пред Белингем оваа награда ја освоија:
Дејвид Бекам (2003, Манчестер јунјтед); Френк Лампард (2004, 2005, Челзи), Овен Харгривс (2006, Баерн Минхен), Стивен Џерард (2007, Ливерпул), Вејн Руни (2008, 2009 Манчестер јунајтед), Ешли Кол (2010, Челзи), Скот Паркер (2011 Тотенхем) Стивен Џерард (2012, Ливерпул), Вејн Руни (2014, 2015, Манчестер јунајтед), Адам Лалана (2016, Ливерпул), Хари Кејн (2017, 2018, Тотенхем), Џордан Хендерсон (2019, Ливерпул), Калвин Филипс (2021, Лидс), Букајо Сака (2022, 2023, Арсенал), Кол Палмер (2024, Челзи).
Congratulations, @BellinghamJude 🏆
— England (@England) October 1, 2025
Спорт
Вардар во дербито го победи Пелистер

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14).
Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место.
Вардар во целост го контролираше дербито, во раната фаза црвено-црните дојдоа со водство 9:5, Пелистер се доближи и на гол минус, но најчесто разликата беше два гола во корист на Вардар.
Вториот дел му припадна на Пелистер, негвиот воведен дел, со три гола Битолчани изедначија (18:18), но Вардар одговори на ист начин. Успеа повторно Пелистер да се врати на 21:21 имаше и напад за водство, не го искористи по што следуваше уште една серија на црвено-црните од 3:0.
Во последните 20 минути се „појавија“ и голманите Валах и Митревски, кои имаа неколку брилијантни интервенции. Клучната одбрана ја имаше голманот на Вардар, кога му одбрани пенал на Манасков и спречи израмнување.
Замата завршница му припадна на поранешниот репрезентативец Талески, кој со два гола ги реши дилемите околу кончениот победник.
Боно, Тузолана и Малус со по шест гола го предводеа Вардар, голманот Валах имаше девет интервенции. На спротивната страна најдобри беа Митревски со осум одбрани и Манасков со девет голови.
Foto/ facebook.com/rkvardar