Спорт
„Кога ќе умрам, сигурен сум дека во Унгарија ќе има минута молчење“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Унгарија, Марко Роси, изјави дека верува дека кога ќе умре заслужил во земјата да има едноминутно молчење, поради триумфот против Англија во Лигата на нации.
Унгарците го победија европскиот вицешампион двапати за 10 дена, прво на 4 јуни во Будимпешта (1:0), а потоа во вторникот во Вулверхемптон со убедливи 4:0.
„Порано или подоцна, сите ќе умреме. Тоа е единственото демократско нешто на овој свет. Кога ќе умрам, а се надевам дека ќе биде што е можно подоцна, сигурен сум дека ќе има едноминутно молчење во моја чест во стадионите во Унгарија. Тоа би било големо достигнување за мене“, изјави Роси за „Скај спорт“.
Унгарија ѝ го нанесе најтешкиот пораз на Англија на домашен терен во последните 94 години.
Во далечната 1928 година, Шкотска го победи „Горди Албион“ на стариот „Вембли“ со 5:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок за Ѓоковиќ: Дали ќе мора принудно да го напушти Вимблдон?

Бранителот на титулата на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, можеби ќе мора принудно да го напушти престижниот турнир во Лондон. Ова откако бил во контакт заразен со коронавирус.
Хрватот Марин Чилиќ има симптоми на Ковид-19, а Ѓоковиќ пред почетокот на Вимблдон имал тренинзи со него. Поради ова би можел да биде ставен во изолација. Последниот збор ќе го имаат здравствените власти на Велика Британија.
„Ги следиме инструкциите на владата на Велика Британија поврзани со коронавирусот и ќе направиме се за да спречиме потенцијално ширење на коронавирусот на нашите терени“, соопштија организаторите на Вимблдон.
Србинот вчера во првото коло го совлада Кореецот Квон.
Спорт
Илија Несторовски во преговори за трансфер во Калјари

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски е во преговори со Калјари, тимот кој испадна од италијанската елита минатата сезона. Тој е слободен играч откако му истече договорот со Удинезе, а би можел лесно да продолжи да игра во Италија.
За него е заинтересиран и Лече, а постои можност да се врати и во Палермо, каде настапуваше во минатото. Овој клуб исто така сега е во Серија Б.
Несторовски играше малку за Удинезе минатата сезона со оглед дека се лекуваше од сериозната повреца на лигаментите на коленото.
Спорт
Тимот на Алиоски испадна од елитата на Саудиска Арабија

Тимот на Ал Ахли, чиј член е македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, испадна од фудбалската елита на Саудиска Арабија откако во последното коло ремизираше без голови против Ал Шабаб.
Ал Ахли ја заврши сезоната на 15. место со 32 бода, еден помалку од екипата на Ал Фајсали која се спаси и остана во елитата.
Алиоски оваа сезона одигра 28 натпревари за Ал Ахли и постигна шест гола.
Ал Фејха, тимот на Александар Трајковски во последното коло загуби дома со 0:1 од Ал Етифаг.