Спорт
Кој е младиот Русин кој сака да му ја земе круната на Ѓоковиќ во Мелбурн?

Рускиот тенисер Данил Медведев (25) утре во 09.30 часот по средноевропско време ќе игра финале на Австралија опен против првиот светски рекет во моментов, Новак Ѓоковиќ (33). Србинот до сега има рекордни 8 титули на грен слемот во Мелбурн.
Медведев ќе биде сериозна закана за Ѓоковиќ затоа што рускиот ас триумфираше на 3 од последните 4 нивни меѓусебни дуели. Покрај одличните партии против Србинот, младиот Русин има низа од 20 победи, а таа серија започна по поразот од Кевин Андерсон на 30 октомври 2020 година.
Финалниот меч во Мелбурн има поголемо значење за Ѓоковиќ кој досега во кариерата има 17 титули на грен слем турнирите, па ита по учинокот на Федерер и Надал кои досега имаат по 20.
Сепак, се очекува Медведев да биде сериозен испит за Ѓоковиќ иако ова за него ќе е само второ големо финале на најголемите турнири. Во 2019-та на САД опен загуби во финалето од Рафаел Надал.
Русинот моментно е петти на АТП листата, а зад себе има седум титули од турнирите, и сите ги освоил од 2018 година до денес.
Во 2019 година првпат влезе во светската тениска 10-ка.
Иако е висок 198 сантиметри, одлично се движи на теренот и прави мал број грешки.
Како тинејџер се преселил во француски Кан, а сега живее во Монте Карло.
Голем љубител е на видеоигри, посебно на „ФИФА“, но не игра додека траат турнирите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чехот Венцл со лудачки рекорд – нуркаше 81 метар под мраз!

Храбриот чешки нуркач Давид Венцл постави фасцинантен нов светски рекорд во пливање под мраз откога помина 81 метар и успеа да го држи здивот повеќе од една и пол минута при тешки услови.
38-годишниот Венцл, облечен само во костим за капење, се нурна во дупка во мразот во Лахост, Чешката Република, и исплива 80,9 метри за да го собори претходниот рекорд од 76,2 метри поставен од Данецот Стиг Авал Северинсен во октомври 2013 година.
„Беше побргу од моите очекувања, а се чувствував фантастично. Знаев дека ќе стигнам до 80 метри, но, секако, на крајот бев заморен. Мораш да останеш концентриран за да го правиш ова бидејќи не знаеш што може да се случи за пет минути или, пет секунди или пет метри“, вели Венцл, кој го задржа здивот 95 секунди.
Czech free-diver David Vencl swims nearly 81 meters, or more than 265 feet, beneath the ice, breaking the world record https://t.co/VedQXef3Dj pic.twitter.com/7NEUCroQgh
— Reuters (@Reuters) February 24, 2021
Спорт
Милан, конечно, си ја купи „Каза Милан“

Милан реши, конечно, да го купи своето седиште „Каза Милан“, инвестиција вредна 42 милиона евра, јавува „Калчо е финанца“.
Според нивните извори, Милан се решил на ваков потег шест години по изградбата на зградата на улицата Алдо Роси во Милано, а во договорот се вклучени и официјалната клупска продавница, билетарницата, ресторанот, музејот на Милан и дел од студијата за снимање.
Милан имаа опција да ја купи зградата од „Виторија асикурициони“, кои досега им ја изнајмуваа и за која само на кирија Милан последните шест години потрошил 15,5 милиони евра.
Спорт
ММА: Само во Русија – култниот Зулузињо со брутален удар, но и со пораз на поени

Како и секогаш, од Русија ни доаѓаат најлудите ММА-борби, а овој пат на сцена е бразилскиот култен фајтер Зулузињо, кој во минатото се бореше со имиња како Федор Емелијаненко, а сега влезе во кафезот првпат од 2019 против Русинот Јусуп Шуаев и не помина најдобро.
42-годишната планина успеа да го закачи Шуаев со фантастичен удар при крајот на првата рунда пред да почне да се радува дека го добил мечот. Меѓутоа, тоа не беше така – судијата го прекина мечот поради крајот на рундата. Потоа Шуаев се созеде во паузата и го доби мечот на поени.
Последната посета на Зулузињо, со вистинско име Вагнер да Консеисао Мартинс, на Русија беше во април минатата година кога присуствуваше на уште побизарен меч против шампионот во удирање шлаканици, Василиј Хамотскиј, кој заврши со реми.
Zuluzinho drops Shuaev at the bell and thinks the fight is over. Amazing pic.twitter.com/OQNhdIVdGZ
— caposa (@Grabaka_Hitman) February 23, 2021
View this post on Instagram
Рускиот шампион во шамарање VS бразилскиот ѕвер Зулузињо во затворска „пресметка“ (видео)
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер