Спорт
Кој тренер му е омилен на Левандовски?
Роберт Левандовски зад себе има уште една успешна сезона, во која за „влакно“ му избега „Златната копачка“. Полјакот во интервју за ЕСПН меѓутдругото открил кој му е омилен тренер.
„Јирген Клоп, потоа Пеп Гвардиола“, рекол Левандовски.
„Клоп има две лица. Можете да забележите дека некогаш се однесува како да ви е татко, но тука е и другата страна, тренерската страна. Во состојба е да во каже сѐ, некогаш и не многу пријатни работи. Тоа е голема мотивација. Тој работи совршено бидејќи има поставено граница, тој знае кога и колку може да ве притиска…Неговите резултати како тренер се сјајни, но тој не е одличен само како тренер, таков е и како човек“, заклучил Левандовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фон Алмен победи во Супер-Џи и влезе во олимписката историја
Швајцарецот Франњо Фон Алмен го освои и третиот златен медал на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. По победите во спуст и тимска комбинација, Фон Алмен во средата триумфално ја заврши трката во Супер-Џи. Фон Алмен и го донесе првиот златен медал на Швајцарија, на Олимписките игри.
Патеката „Стилио“ во Бормио, Фон Алмен ја мина со време 1.25.32 минути. 13 стотинки зад него беше Американецот, Рајан Кохрејн-Зигер, кој го одбрани среброто во оваа дисциплина, освоено пред четири години во Пекинг. Третата позиција му припадна на уште еден Швајцарец, најолемиот фаворти за златото пред почетокот на трката, Марко Одермарт.
Фон Алмен со денешната победа влезе во олимписката историја, со три златни медали, го изедначи рекородот на Тони Зајлер (Австрија) од 1956 и Жан-Клод Кили (Франциј) од 1968 година.
Следната машка дисциплина во алпско скијање е велеслалом во сабота, 14 февруари.
Foto/ EPA
Спорт
Тотенхем го отпушти Томас Франк
Челниците на фудбалскиот клуб Тотенхем му врачија отказ на менаџерот Томас Франк. Откакзот доаѓа како последица на лошите резултати во Премиер лигата, синиќа неговиот тим загуби дома од Њукасл (1:2), со што ја продолжи серијата на осум натпревари без триумф.
По серија лоши резултати, фудбалерите на Тотенхем се 16-ти на табелата во Премиер лигата, пет бода од зоната за испаѓање.
Данецот беше донесен во Лондон со големи очекувања, бидејќи Тотенхем му плати 7.000.000 евра отштета на Брентфорд.
Од 38 натпревари, во кои го водеше тимот, тој победи само на 13, со 11 нерешени резултати и 14 порази. Френк помина само осум месеци во Тотенхем.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лука Дончиќ стана ко-сопственик на тим од НБА Европа
Лука Дончиќ стана дел од инвестициската група на Дони Нелсон, поранешниот генерален менаџер на Далас, која има за цел да го донесе Рим во НБА Европа, објавуви „Атлетик“.
Нелсон има договор за купување на Кремона, со цел да започне многу поголем проект, а тоа е влез во лига под покровителство на ФИБА и НБА.
Се пишуваше дека и Дирк Новицки е во тој тим, но неговиот портпарол ги дематира тие информации.
Сепак, во тимот на соработници треба да биде поранешниот литвански кошаркар, Римантас Каукенас. .
Кремона има лиценца за Серија А, а секој тим што би се натпреварувал во НБА Европа мора истовремено да игра и во првото ниво на домашното првенство.
Со таа лиценца, Дончиќ и партнерите потоа би основале практично нова франшиза во Рим.
Се очекува купувањето на лиценцата за НБА Европа да биде скапо – од 500 милиони до 1 милијарда долари, а Рим е голем и неискористен пазар, па веројатно е дека Нелсон и Дончиќ имаат финансиски моќни партнери.
Моментално, во Рим не постои тим што се натпреварува во највисокиот ранг на италијанска кошарка.
Foto/ depositphotos

