Спорт
Коке му се закани на Винисиус за танцувањето против Атлетико!
Винисиус Жуниор е опасност за секоја противничка одбрана, но пред дербито на Марид во шпанската Ла Лига се најде во неочекувана ситуацијата да се брани, не за своите фудбалски вештини, туку поради танцувањето.
На последниот меч од Ла Лига против Мајорка тој беше цел на играчите на противникот, но и на навивачите, а сега доби предупредување од капитенот на Атлетико Марид, Коке.
„На крајот, ако постигне гол и реши да танцува, тоа е негов избор. Секој прославува на начин на кој сака. Но, секако, ако се случи тоа, ќе има проблеми“, изјави Коке.
Поголем скандал предизвика изјавата на Педро Браво, претседателот на Асоцијацијата на фудбалските агенти на Шпанија, кој го спореди однесувањето на Винисиус со мајмун.
„Ако сакаш да танцуваш, оди на самбадром во Бразил. Во Шпанија мораш да ги почитуваш противниците и да престенаш да изигруваш мајмун“, изјави Браво.
¿El paleto este acaba de llamar mono a Vinicius? pic.twitter.com/OW5Pw5A2Nw
— Miguel Serrano ???????? (@MiguelSerranoTV) September 15, 2022
Тој бргу се извини за изјавата објаснувајќи дека сакал да каже дека се прават глупави работи, кои не се поврзани со расата.
Нејмар и повеќе бразилски фудбалери застанаа во одбрана на Винисиус.
„Дриблај, танцувај и биди тој што си. Оди на врвот, пријатели, ќе танцуваме на твојот следен гол“, напиша Нејмар на „Инстаграм“.
Сепак, колегата на Винисиус, Антонио Ридигер признава дека е „разбирливо оти некои дефанзивци сакаат да го повредат“, така што ќе биде интересно да се види како ќе реагираат фудбалерите на Антонио Симеоне на ситуацијата.

“The dance was unleashed. The funky carioca was bailando on Mallorca’s bruised bodies, sambando on their stupidity. And as the Mallorca fans reacted with spitting ire, Vinicius just smiled.”
pic.twitter.com/Nehggru2rm— Planet Football (@planetfutebol) March 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

