Спорт
Кокеза им се извини на Србите, за селекторот по мечот со Литванија
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) Славиша Кокеза на вонредна прес конференција проговорил за катастрофалниот пораз од Украина (5:0). Кокеза им се извинил на граѓаните за дебаклот на националниот тим.
Кокеза ја презел одговорноста за поразот, но истата малку ја пренасочил и кон стручниот штаб и фудбалерите.
„Спорен за мене и за сите во Сојузот е начинот на кој го загубивме мечот. Одговорноста паѓа врз мене , но и на стручниот штаб и играчите. Не се боревме против Украина, тоа повеќе не смее да се повтори. Овие играчи мора да даваат се од себе кога играат за националниот тим дури и повеќе од она што го прават кога играат за своите клубови. Дресот на Србија не треба да им биде помалку вреден од оној на нивните клубови“, рекол првиот човек на ФСС.
Србија, во понеделник, ќе ја пречека Литванија. Кокеза најавил дека по тој меч ќе бидат спроведени анализи и ќе бидат донесени некои одлуки.
Инаку српските медиуми шпекулираат дека селекторот Младен Крстајиќ ќе добие отказ веднаш по натпреварот со Литванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик: Наскоро ќе ја видите Барселона на највисоко ниво
Барселона претрпе тежок пораз во петтото коло од Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“, против Челзи (3:0). И покрај дебаклот, Барселона можеше да прими уште најмалку три гола, тренерот на Каталонците, Ханси Флик, не очајува премногу.
„Имавме шанса да го постигнеме првиот гол… Но, потоа беше тешко со играч помалку. Се боревме напорно. Видов некои позитивни работи, но изгубивме премногу топки, изгубивме лесни топки под притисок. Мора да го прифатиме поразот и да размислуваме позитивно“, рече Флик.
„Можам да ви ветам дека наскоро ќе ја видите Барселона на највисоко ниво. Самоуверен сум и оптимист. Гледам како тренираме, нашиот интензитет. Различно е во споредба со претходните недели. Многу играчи се враќаат. Оптимист сум“.
Барселона моментално е 15-та на табелата, но со само два бода помалку од осмопласираниот Њукасл. Во следното коло, на 9 декември, го пречекува Ајнтрахт.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Проблем за Реал пред Олимпијакос, Алонсо остана со само еден стопер
Реал Мадрид ќе биде хендикепиран вечерва во Атина, против Олимпијакос во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Чаби Алонсо, поради лошите резултати (три натпревари без триумф) има императив на победа.
Клубот вчера потврди дека голманот Тибо Куртоа нема да биде во составот поради вирусна инфекција, додека тренерот Чаби Алонсо ќе има на располагање само еден вистински стопер, Раул Асенсио.
Дин Хаусен е надвор од тимот поради проблем со коленото, Антонио Ридигер сè уште не се опоравил од повреда на мускулот, а Едер Милитао е повреден од репрезентативната пауза.
Поради ова, францускиот играч од средниот ред Чуамени повторно ќе мора да влезе на позицијата стопер, позиција што ја покривал во неколку наврати претходно.
Реал Мадрид во моментов има три победи и еден пораз во Лигата на шампионите, додека Олимпијакос е на дното на табелата со два нерешени резултати и два порази.
Тимот од Мадрид одигра нерешено 2:2 со Елче во Ла Лига минатата недела, откако претходно одигра 0:0 против Рајо Ваљекано, а загуби со 1:0 против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Пред оваа мини-криза, Алонсо со тимот оствари импресивни 13 победи во 14 натпревари на почетокот од сезоната.
Грчкиот гигант Олимпијакос не може да смета на Александрос Паскалакис и Константинос Ангелакис вечерва. Во составот за дуелот со Реал Мадрид, Олимпијакос особено смета на искуството на Дани Гарсија, кој во текот на својата кариера играше за четири клуба во Ла Лига и добро го познава Реал.
Искуството не завршува со споменатиот дефанзивец. Во тимот е и Ајуб Ел Каби, напаѓач кој постигна 10 гола оваа сезона, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите.
Интересно, Олимпијакос никогаш не загубил како домаќин од Реал.
Среда:
Копенхаген – Каират 18.45 часот
Пафос – Монако 18.45
Арсенал – Баерн 21.00
Атлетико (М) – Интер 21.00
Ајнтрахт – Аталанта 21.00
Ливерпул – ПСВ 21.00
Олимпијакос – Реал Мадрид 21.00
ПСЖ – Тотенхем 21.00
Спортинг – Бриж 21.00
Фото/ Принтскрин
Спорт
Фред Васер: Хамилтон претерува со изјавите
Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион, беше депресивен по трката во Лас Вегас. Трката, Хамилтон ја заврши на осмото место.
Британецот зад воланот на Ферари истакна дека целата оваа сезона била катастрофална за него и дека не очекува да биде подобро следната година.
Фред Васер, шефот на Скудерија, му рече дека Хамилтон претерувл со изјавата.
„Ја разбирам реакцијата на Луис веднаш по трката. Сепак, тој треба да се смири и да се фокусира на преостанатите две трки во Катар и Абу Даби.“
Французинот верува дека не е сè толку црно во Ферари.
„Тој немаше толку лош ритам во Лас Вегас, но многу отежна тоа што стартуваше од 20-то место. Не сме задоволни, но мора да останеме заедно и да бараме најдобро решение“, рече Васер.
Хамилтон е 74 поени зад својот тимски колега Шарл Леклер и сè уште нема пласман на подиумот откако се пресели во најпознатиот тим во светот.
Фото/ Принтскрин

