Спорт
Колцеску се заканува, ако го казнат за расизам, најавува тужба!

Не стивнува бурата по скандалот што избувна на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите кога во центарот на вниманието се најде четвртиот судија на мечот, Романецот Себастијан Колцеску.
За потсетување – Колцеску, мислејќи на помошник-тренерот на турската екипа, го нарекол „оној црниот таму“, што предизвика бурна реакција на теренот, па мечот беше прекинат и се доигра другиот ден со нови судии.
Доколку биде прогласен за виновен за ширење расизам, романскиот судија вели дека ќе вложи жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. Во случај Колцеску да не ја прифати одлуката на УЕФА, која може да биде на негова штета, тој има право да се жали и до Европскиот суд за човекови права.
Првата казна што се споменува за овој случај е суспензија од 10 меча за Романецот, но официјално сè уште нема разрешница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Озил на пат за Истанбул, Фенербахче го чека!

Месут Озил е на пат за Турција, каде што ќе го комплетира трансферот во Фенербахче, откако се откажа од скапиот договор со Арсенал за трансфер во клубот за кој навива од своето детство.
32-годишниот Озил се збогувал со своите соиграчи во тренинг-центарот во Колни, во неделата, ставајќи крај на седумиполгодишниот престој во северен Лондон и тој доби дозвола да патува за Турција, каде што ќе има медицински тестови пред да го комплетира трансферот.
Од Арсенал за англиските медуми објавија дека нема да има официјално соопштение додека не се комплетира потребната документација, но Озил веќе зборуваше за турскиот канал „НТВ“.
„Многу сум возбуден и среќен. Јас сум навивач на Фенербахче, и Господ овозможи да го носам тој дрес. Ќе го дадам мојот максимум. Денеска пристигнувам во Истанбул со семејството, иако не е јасно кога ќе биде летот. Вечерва ќе сум таму“, изјавил Озил.
Спорт
Левандовски сруши уште еден стар рекорд во Бундеслигата

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски сруши уште еден рекорд на Бундеслигата, овојпат стариот рекорд на Герд Милер, кој стоеше неверојатни 42 години.
Полјакот го постигна својот 21. гол оваа сезона при 2:1 победата со која Баерн се одвои на +4 на врвот на табелата во Германија, со што го сруши рекордот на Милер од 20 гола во првата половина од бундеслигашката сезона.
Овој успех доаѓа откако минатата сезона тој погоди неверојатни 55 гола во 47 меча во сите натпреварувања, и не ја доби „Златната топка“ само бидејќи организаторите „Франс фудбал“ ја откажаа поради пандемијата на КОВИД-19. На Лева минатата сезоан за еден гол му избега и „златната копачка“, која отиде кај Чиро Имобиле од Лацио.
Another matchday, another Lewandowski record… 😏@lewy_official
is the first player in Bundesliga history to score 21 goals after just 16 games – a new Hinrunde record, beating Gerd Müller's 20 goals from 1968/69 🔥🔴⚪ #FCBSCF pic.twitter.com/uqmB41y5fy
— FC Bayern English (@FCBayernEN) January 17, 2021
Спорт
Баерн се намачи, но го совлада Фрајбург

Баерн Минхен стигна до тешко извојувана 2:1 победа над Фрајбур на „Алијанц арената“, иако европскиот шампион ја продолжи незгодната традиција да прима гол во бундеслигашките мечеви од октомври наваму.
Човек на одлука беше Томас Милер, кој прво во четвртата минута му асистираше на Роберт Левандовски за неговиот 21. гол оваа сезона, па откако Фрајбург израмни преку Нилс Петерсен во 62. минута, капитенот се најде на вистинско место во шестнаесетникот за да го врати водството во 75. минута.
Баерн се зацврстија на првото место на табелата со 36 поени, сега четири пред РБ Лајпциг, откако тие вчера одиграа само 2:2 со Волфсбург и дури седум пред Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд. Фрајбург пак, ја прекина низата од пет победи едноподруго и останува на осмото место со 23 поени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира