Спорт
Колимор до Рашфорд: Реши што ќе играш, инаку ќе завршиш како Волкот

Поранешниот англиски репрезентативец, кој сега работи како аналитичар, Стен Колимор, има интересен став поврзан со кариерата на Маркус Рашфорд.
Според него Рашфорд се уште не решил на која позиција сака да игра, што може да му претставува проблем подоцна во кариерата. По заминувањето на Лукаку и Санчез од Манчестер Јунајтед, Рашфорд стана главната напаѓачка опција на клубот од „Олд Трафорд“. Но од почетокот на сезоната тој ја менува позицијата во нападот, игра во врвот или на крилната позиција.
„Ако не биде внимателен порано или подоцна Рашфорд ќе заврши како Тео Волкот. Ќе стане некој кого нема да го „гледаат“ ниту како подвижно крило ниту како централен напаѓач. На него е гледаат како на некој микс и како на универзален незнајко. Сега е време кога треба да одлучи по кој пат ќе се движи. Доколку сака да биде универзален напаѓач бидејќи тос ќе му овозможи да игра во репрезентацијата, тогаш нека тоа биде негова одлука. Но стравувам дека во наредните пет или десет години тоа ќе има негативни последици во неговата кариера“, рекол Колимор за „Мирор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.
Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.
Спорт
Гризман ќе го напушти Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.