Спорт
Колина: ВАР е како дете кое научило да оди, но не знае да трча

Пјерлуиџи Колина, Италијанецот кој беше прогласен за најдобар судија во историјата, објаснува дека ВАР системот, кој донесе многу промени во спортот, но и многу контроверзи, е како дете кое треба да го научиш да оди.
Иако се пензионираше пред 16 години, „Франс фудбал“ оваа година му ја доделија наградата за најдобар судија на светот, и во интервју за „Ла газета дело спорт“, Колина признава дека тоа му е голема чест.
„Секако дека сум горд. Не е до мене да кажувам дали сум најдобар, но мислам дека придонесов за менување на начинот на кој судиите приоѓаат на секој натпревар со добивање на информации за тоа што може да се случи на теренот. Тоа беше мала промена за мене, но нешто што не го правеа моите колеги, иако сега е рутина. Јас исто така инсистирав на дијалог, и ги објаснував одлуките на играчите, како на мечот Интер-Јувентус во 1997, кога им објаснував на капитенот Бепе Бергоми и Рој Хоџсон. Интер дадоа гол и јас го поништив, но по консултација со линискиот судија го сменив тоа и морав да го објаснам“, вели Колина.
Колина сега работи на тренинг и обука на судиите и исто така беше човек кој беше вклучен во воведувањето на ВАР технологијата, како и менувањето на правилата за играње со рака.
„Ако само ги казнуваме намерните играња со рака, тогаш нема да има воопшто пенали. Кој играч намерно ја удира топката со рака? Затоа го сменивме правилото – има ситуации каде што изгледа дека е ненамерно, но го оштетува противникот. ВАР, пак, е како дете кое што само научи да оди, но уште не може да трча. Во 2014 година учествував на првиот состанок за ВАР и мислам дека во иднина процесот ќе биде поедноставен“, додава Итaлијанецот.
Collina: "La Var è un bimbo che ancora non corre: funziona, ma va perfezionata" https://t.co/caTO0yf1Nb
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) November 13, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO