Спорт
Колку заработил Надал од учеството на турнирите?
Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал стави точка на кариерата со поразот од Шпанија од Холандија во Дејвис купот.
Шпанскиот тенисер ја започна својата професионална кариера во 2001 година и оттогаш освои дури 92 турнири, од кои 22 Гренд Слем и 36 од Мастерс серијата.
„Кралот на земјаната подолога“, како што го нарекуваа затоа што го освои Ролан Гарос 14 пати, заработи 134,5 милиони американски долари само од учество на турнири.
На тоа треба да се додаде и заработката од спонзорските договори.
Не се знае точно колкава сума добил од тие договори, но се претпоставува дека е поголема од онаа шт ја заработил со учеството на турнирите, бидејќи со години соработувал со најсилните брендови како Најки, со кои сè уште има договор, Ролекс, итн.
Како пензионер Надал ќе се занимава со приватен бизнис, кој го има неколку години, како синџир ресторани, хотел, тениска академија, а ќе биде и заштитно лице на тенисот во Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона не размислува за Кварацхелија
Барселона со новиот спонзорски договор што го потпиша со „Најки“ конечно ќе излезе од финансиската криза. Од договорот до 2028 година, Барселона ќе добие 1,7 милијарда евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека благодарение на таа инекција клубот на лето ќе реализира голем трансфер. Барселона е во потрага по крилен напаѓач. На десната страна го има Ламин Јамал, потребен им е играч за левата крилна позиција.
Потребен им е тип на крилен играч со силна десна нога, кој може од крило да влезегува во среднита. Таков е Грузиецот Хвича Кварацхелија, 23-годишниот фудбалер на Наполи.
Во својата прва сезона во Наполи, тој беше најдобар играч на тимот кој го освои скудетото по пауза оо 33 години. Кварацхелија ја доби наградата за најдобар играч во Серија А.
За Наполи во овие две и пол години одигра 102 натпревари, постигна 30 и забележа 28 асистенции.
Неговиот договор истекува во јуни 2027 година. „Газета дело Споерт“ пишува дека менаџерот на Кварацхелија стапиле во контакт со Барселона, но дека Каталонците не се заинтересирани за грузиецот.
„Барселона засега не направи никаков потег, иако е јасно дека играчот сака да потпише договор со нив. Разликите меѓу страните се уште се значајни, а Шпанците се плашат да отворат преговори бидејќи знаат дека Аурелио де Лаурентис е непредвидлив и тврд преговарач. Засега Барселона нема намера да плати 80 милиони евра и покрај тоа што е играч кој би можел да одговара на проектот“, објави „Газета дело Спорт“.
Шпанските медиуми тврдат дека во Барселона, наместо Грузиецот, изборот за ново лево крило е сведено на двајца одлични играчи, Нико Вилијамс (22) од Атлетик Билбао и Рафаел Леао (25) од Милано.
Она што е сигурно е дека за кого и да се решат во Барселона ќе мора да издвојат најмалку 100 милиони евра.
Спорт
Голем пех за Голден стејт, заврши сезоната за Мелтон
Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Диантони Мелтон, ќе го пропушти остатокот од сезоната, поради операција на предните вкрстени лигаменти (ACL), соопшти клубот.
Франшизата од Калифорнија додаде дека 26-годишниот плејмејкер наскоро ќе биде опериран.
„Очигледно ова е страшна вест, многу ми е жал за Диантони, тој совршено ни одговараше и бевме многу возбудени што го имаме. Добрата вест е дека тој е млад човек и ќе има рутинска операција овие денови па би требало да може да се врати и да ја продолжи кариерата, но јас се чувствувам ужасно. Ова се лоши вести и за него и за нас“, изјави тренерот на Голден стејт, Стив Кер.
Мелтон оваа сезона одигра шест натпревари за Голден Стејт, од кои два во стартните пет.
Тој имаше просек од 10,3 поени, 3,3 скока и 2,8 асистенции за просечни 20,2 минути поминати на теренот.
Како домаќин, Голден Стејт, изминатата ноќ, ја победи Атланта со 120:97 и сега е на првото место во Западната конференција со скор од 11 победи и три порази.
Инако, бидејќи остана без Мелтон до крајот на сезоната, Вориорс добија дозвола од НБА лигата да ангажираат нов играч, но за неговата плата не смеат да издвојат повеќе од 6,4 милиони долари.
Спорт
Левендовски: Имав договор со Манчестер јунајтед, Борусија го блокира трансферот
Роберт Левандовски, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, призна дека во 2012 година бил на прагот да се пресели во Манчестер јунајтед.
Полјакот кој играше за Борусија Дортмунд и Баерн, а сега е член на Барселона, начелно дал согласност, но неговиот тогашен клуб Борусија Дортмунд го стопирал трансферот.
„Се сеќавам на разговорот со претседателот на Дортмунд. Ми кажа дека сум им многу важен и дека не е вистинскиот момент да си заминам“, се присети Левандовски.
Една година подоцна, тој играше во финалето на Лигата на шампионите со Дортмунд, а по тој натпревар како слободен играч замина во Баерн Минхен.
Левандовски не крие дека му е жал што не се преселил на „Олд Трафорд“.
„Му реков „ДА“ на Алекс Фергусон. Добро се забавував во Дортмунд, но Јунајтед тогаш беше на својот врв. Жалам што не работев со славниот Сер Алекс“.