Спорт
Коло Муани побара од Ајнтрахт да го продаде во Пари Сен Жермен
Голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, ја известил управата на клубот дека сака да биде реализиран негов трансфер во ПСЖ. За францускиот репрезентативец заинтересирани се Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, а желбата на 24-годишниот напаѓач е да го носи тимот на парижани.
ПСЖ е фокусиран на комплетирање на договорот за Гонсало Рамош од Бенфика и ќе го таргетира Коло Муани откако тоа ќе се случи. На „Паркот на принцовите“ сакаат прво да ги договорат личните услови на фудбалерот, а дури потоа да преговараат со Ајнтрахт.
Германскиот клуб не е против разделба со својата ѕвезда за доволно добра понуда. Пред една година бундеслигашот го ангажираше Коло Муани на слободен трансфер од Нант, а сега ќе инкасира огромна сума за неговиот трансфер.
Во својата прва и веројатно единствена сезона во тимот на Ајнтрахт Франкфурт, Французинот одигра вкупно 46 натпревари, на кои постигна 23 гола и забележа 17 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливаковиќ се враќа во Динамо
Доминик Ливаковиќ (30) е блиску до враќање во Динамо во зимскиот преоден рок. Ливаковиќ сака да се врати во Динамо, а и клубот сака легендата повторно да застане на голот. Извори блиски до клубот наведуваат дека договорот е блиску до завршување, со оглед на тоа што постои взаемна волја. Ова лето, Ливаковиќ отиде на позајмица во Џирона до крајот на сезоната од Фенербахче, со кого има договор до летото 2028 година.
Двата и пол месеци по преселбата во Џирона, тој нема настап за клубот, три пати бранеше за репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство.
Клучно е за Динамо тој да не игра до јануари бидејќи ако игра за Џирона, ќе го изгуби правото да игра за Динамо. Причината за ова е што фудбалер може да се регистрира за три клуба во една сезона, но може да игра само за два во наведениот период.
Ливаковиќ бранеше 293 пати за Динамо пред да замине во Фенербахче во летото 2023 година со надомест од 6,6 милиони евра. 18 месеци тој беше прв голман на Фенербахче таму, но потоа во вториот дел од минатата сезона Жозе Мурињо го деградираше на клупата.
Ливаковиќ остана таму и на почетокот на оваа сезона, но доби шанса да игра само во два натпревари на Фенербахче.
Спорт
(Видео) Најдобриот стрелец во историјата на Финска се збогуба со националниот тим
Најдобриот стрелец на финската фудбалска репрезентација Тему Пуки (35) го одигра последниот натпревар за репрезентацијата.
Тој немаше среќа да се збогува со победа, згора на тоа, Финците доживеаа прилично непријатен пораз од Малта на домашен терен (0:1), но дури ни таков неуспех не го засени најемотивниот момент на натпреварот.
Солзите на Тему Пуки на крајот од натпреварот беа, без сомнение, најсилниот впечаток со кој неговите сонародници го напуштија стадионот.
Teemu Pukki was moved to tears after playing at Helsinki Olympic Stadium for the final time 🥹
Pukki, 35, retires as Finland's leading scorer; only Jari Litmanen won more caps. He looked like a mere mortal, played like anything but and leaves a legend 🤍pic.twitter.com/TVHEuDKxJH
— Men in Blazers (@MenInBlazers) November 14, 2025
Пуки се збогува со репрезентацијата за која дебитираше во 2009 година, интересно, тогаш го замени легендарниот Јари Литманен како 18-годишник во натпреварот против Јапонија. Литманен се уште е рекордер по број на настапи за репрезентацијата.
Во годините што следеа, Пуки сепак успеа да го надмине Литманен, на листата најдобри стрелци. Стана најдобар стрелец на репрезентацијата со 42 гола.
Литманен (137) одигра пет натпревари повеќе во националниот тим од Пуки (132).
Најдобриот стрелец на Финска се врати во Хелсинки минатиот јануари по 13 години играње во странство.
Спорт
Ливерпул и Јувентус водат во трката за потписот на Гнабри
Иако Серж Гнабри игра брилијантно оваа сезона во Баерн Минхен, постојат големи шанси да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Причината е возраста, но и неговиот договор, кој истекува во јуни 2026 година, па од јануари ќе стане слободен да преговара со потенцијални идни клубови.
Први во редот да го земат Гнабри без обештетување се Ливерпул и Јувентус.
„Билд“ пишува дека Баерн не сака да ја продолжи соработката со германскиот репрезентативец, бидејќи му плаќаат помеѓу 18.000.000 и 20.000.000 евра бруто, на годишно ниво.
Гнабри се докажа на големата сцена како исклучителен фудбалер, но факт е дека во претходните две сезони беше во значителен пад, и дека немаше иста статистика како во годините пред тоа.
Оваа сезона, пак, игра многу подобро, но во Баерн проценуваат дека тоа не е доволно за да стават нов договор на маса со истите услови.
Интересно е што досега одигра точно 300 натпревари за клубот од Минхен, со 95 гола и 65 асистенции.
Во германската репрезентација има 55 настапи и 24 гола, заедно со девет асистенции

