Спорт
Колумбиецот Наиро Куинтана победи на 18. етапа на Тур де Франс

Колумбискиот велосипедист Наиро Куинтана од екипата на Мовистар е победник на 18. етапа на годинешното издание на Тур де Франс. Колумбиецот прв мина низ целта на патеката долга 208 километри од Ембрун до Валор возејќи низ Алпите.
Сепак, Французинот Жилијан Алафилип го задржа водството во генералниот пласман по 18 извозени трки.

Куинтана, кој двапати, во 2013 и 2015 година, завршува како второпласиран на Тур де Франс, повторно покажа дека е најдобар искачувач меѓу велосипедистите. Тој целта ја мина со соло возење цели 95 секунди пред второпласираниот домашен велосипедист Раман Бардет. Трет денешната етапа ја мина Казахстанецот Алексеј Лученкo со 148 секунди задоцнување зад победникот.
Еве како изгледа генералниот пласман на три трки до крајот на Тур де Франс:
1. Julian Alaphilippe 75:18:49
2. Egan Bernal (+1:30)
3. Geraint Thomas (+1:35)
4. Steven Kruijswijk (+1:47)
5. Thibaut Pinot (+1:50)
6. Emanuel Buchmann (+2:14)
7. Nairo Quintana (+3:54)
8. Mikel Landa (+4:54)
9. Rigoberto Uran (+5:33)
10. Alejandro Valverde (+5:58)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Спектакл на маратонот во Токио, Симба во фото финиш до златниот медал

Алфонсо Феликс Симбу од Танзанија во спектакуларен финиш го освои златниот медал на маратонската трка на Светското првенство во Токио.
Победникот беше решен во фотофиниш, а Танзаниецот Алфонс Феликс Симбу буквално му го украде златото на Германецот Аманал Петрос. Ова е првиот и најсјаен медал во историјата на оваа африканска земја на светските првенства.
Двајцата заедно со Италијанецот Ауани влегоа заедно на стадионот. На околу 100 метри пред целта, Петрос го засили темпото и се чинеше дека Симба не може да го следи.
Сепак, во последните 20 метри, Танзаниецот пронајде нова сила, почна да се забрзува и во последните сантиметри влезе во целта пред Петрос. Двајцата постигнаа резултат од 2:09;48 часа, но Симбу беше побрз за само 0,03 секунди. Италијанецот Ауани го освои бронзениот медал пет секунди зад него.
Високата влажност беше огромен проблем и голем број фаворити испаднаа, вклучувајќи тројца натпреварувачи од Етиопија и еден Кениец.
After 42.2km, this is the most insane finish to a marathon you’ll ever see.
A photo finish was needed to determine the winner: Tanzania’s Alphonce Felix Simbu. #WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/6u1izgWVss
— John Dean (@JohnDean_) September 15, 2025
Спорт
(Видео) Барселона ја декласира Валенсија

Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6:0.
Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл.
Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот.
Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот.
Бразилецот го дуплираше водството на својот тим во 53-та минута, а три минути подоцна, Лопес повторно го запиша своето име на семафорот.
Рафиња ја зголеми предноста на Барса со брилијантен гол, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски.
Полјакот на теренот влезе во 68-та минута и набрзо го постигна првиот гол на овој натпревар.
Се играше во 78-та минута кога Левандовски ја затресе мрежата на Валенсија по одлично додавање од Дани Олмо, а потоа во 86-та минута го постави конечниот резултат, по асистенција од Бернал.
Барселона сега е на два бода зад Реал Мадрид, кој е единствениот тим со сите четири победи.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Деби гол на неуништливиот Модриќ за триумф на Милан

Фудбалерите на Милан ја победија Болоња (1:0) на „Сан Сиро“ во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А.
Херој на Росонерите беше 40-годишниот Лука Модриќ, кој го постигна својот прв гол во дресот на славниот клуб во 61-та минута.
Крајот на натпреварот го обележа интересна ситуација судијата Матео Марченаро покжа на пенал, но откако ја прегледа снимката го поништи, а потоа му покажа црвен картон на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој „полуде“ по таа одлука.
Милан на крајот стрепеше за победата, иако беше подобар во текот на целиот натпревар, дури четири пати неговите ја погодија стативата.
Тоа го направија еднаш Первис Еступињан и Самуеле Ричи, а двапати напаѓачот Сантијаго Хименез.
Милан ја оствари втората победа сезонава, има шест бода, додека Болоња остана на три бода, освоени во дуелот со Комо.
Foto/ EPA