Спорт
Компани: Ова не е изненадување, тие се најдобриот тим во Европа
Баерн доживеа убедлив пораз на „Монжуик“ од Барселона со 4:1, а тренерот на баварскиот гигант истакна дека шпанскиот тим во моментов е најдобар во Европа.
Ова е втор пораз на Баварците во Лигата на шампионите, бидејќи во претходната рунда беа поразени и од Астон Вила.
„Честитки за Барса. Ова не е изненадување, тие се најдобриот тим во Европа. Ова се натпреварите кои сакаме да ги победиме и каде би можеле да ја прикажеме најдобрата верзија на Баерн. Сега мораме да ги научиме лекциите и да бидеме на повисоко ниво во Бундеслигата и на најдоброто можно во Лигата на шампионите“, изјави Компани.
Под водство на Белгиецот, Баерн игра добро во Бундеслигата, но во елитното клупско европско натпреварување има само една победа во првите три рунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) По бод за Фенер и Јунајтед, Мурињо исклучен
Најпрвилечниот натпревар во рамките на третото коло, во Лига Европа, дуелот меѓу Фенербахче и Манчестер јунајтед заврши без победник 1.1. Натпреварот го обележа црвениот картон на Жозе Мурињо и како се чини сериозната повреда на Антони.
Факт е дека Англичаните беа подобриот ривал на стадионот „Шукру Сарачоглу“, имаа неколку добри прилики во вториот дел, но мораа да се задоволат само со бод.
Избраниците на Ерик Тен Хаг поведоа во раната фаза од натпреварот, во 15. минута по додавањето на Зиркзе, Кристијан Ериксен постигна гол. Веднаш по водечкиот гол Рашфорд имаше шанса да го удвои водството, но шутираше покрај стативата.
Во вториот дел од првото полувреме Фенербахче тргна во офанзива, имаше прилики кои не ги искористија Тадиќ и Ел Несири. Сепак, сето тоа домашните го наплатија на стартот од вториот дел.
Во 49. минута, по идеален центаршут од левата страна на Сен Максимин, Ен Несири, со глава ја закова топката во мрежата на Онана, на воодушевување на повеќето навивачи.
Манчестер јунајтед потоа ја презеде контролата го имаше поседдот и неколку шанси, а Маркус Рашфорд ја промаши најголемата, кога од 14 метри шутираше очајно од идеална позиција.
Резултати:
Рома – Динамо Киев 1:0 (1:0)
/Довбик 23/
Ајнтрахт – РФС 1:0 (0:0)
/Ларсон 79/
ПАОК – Викторија Пилсен 2:2 (0:2)
/Тисудали 84, Баба 93+ – Хавел 31, Видра 39/
Макаби Тел Авив – Реал Сосиедад 1:2 (0:1)
/Тургеман 81 – Пачеко 19, Гомез 64/
Ференцварош – Ница 1:0 (1:0)
/Бомбито 15/
Карабаг – Ајакс 0:3 (0:1)
/Тејлор 36, Вегхорст 74, Акпом 77/
Митјиланд – Унион Ројал 1:0 (1:0)
/Диао 18/
Спорт
В петок одлуката за „случајот Мбапе“
Заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) в петок ќе донесе одлука за финансискиот спор меѓу клубот Пари Сен Жермен (ПСЖ) и неговата поранешна ѕвезда Килијан Мбапе, кој наводно е и цел на истрага за силување, според пишувањата на шведските медиуми.
Разгледувањето на досието во овој спор доаѓа во контекст на отворањето на истрага за силување во Шведска, откако Мбапе и неговата придружба го посетија Стокхолм пред две недели. Шведските медиуми пренесуваат дека ѕвездата е во центарот на истрагата.
Шведското обвинителство не спомена никакви имиња, а ниту самиот Мбапе не знае дали тој е предмет на истрага, велат извори блиски до досието. Во првата реакција, Мбапе рече дека тоа се „лажни вести“.
Францускиот фудбалер бара од ПСЖ 55 милиони евра, бидејќи тврди дека во последните месеци во парискиот клуб не добивал плата и бонуси како другите играчи. ПСЖ одбива да ја плати таа сума.
ЛФП првично му наложи на парискиот клуб да му плати на Мбапе, но ПСЖ поднесе жалба до Заедничката комисија за жалби и одлуката се очекува в петок. Во меѓувреме, Мбапе се пресели во Реал Мадрид.
Спорт
Ништо од Барса: Хaланд преговара за нов договор
Ерлинг Хaланд е една од најдобрите, ако не и најдобрата „деветка“ во светот во моментов. Се зборуваше дека Норвежанецот може да бара нов предизвик, но сепак ќе остане на „Етихад“.
Барселона беше заинтересирана за Халанд и веќе извесно време Каталонците смислуваат финансиски план како да го привлечат најдобриот стрелец на Манчестер Сити да дојде во Каталонија, но се чини дека (засега) не најдоа решение.
Халанд и оваа сезона е во голгетерска форма. На вкупно 12 натпревари за Манчестер Сити, тој постигна дури 14 гола и продолжи таму каде што застана минатата сезона. Поради оваа причина, сега приоритет на Сити е да го продолжи договорот со Норвежанецот, а преговорите се започнати.
Халанд на „Етихад“ пристигна во 2022 година и оттогаш за тимот од синиот дел на Манчестер постигна 103 гола на 110 натпревари.
Според информациите со кои располагаат британските медиуми, на Халанд би му бил понуден договор до 2030 година. Останува да важи уште три години.