Спорт
Конечна разврска во Б-групата
Вечерва завршува првата фаза во Лигата на шампионите. На програмата се натпреварите во групите А, Б, Ц и Д. Најнеизвесно е во Б-групата, каде што сите тимови имаат шанси да се пласираат во осмина-финалето, а во групите А и Д ќе биде решено кои тимови ќе го освојат второто место.
Вечерашната програма ќе почне со натпреварите во Д-групата, во 18.55 часот. Во оваа група првото место го обезбеди Ливерпул, за второто во директен дуел ќе решаваат Ајакс и Аталанта. Ајакс само со победа може да го освои второто место. Првиот меч во Бергамо заврши без победник 2:2.

Слична е ситуацијата и во А-групата. Баерн е прв на табелата, а за второто место се борат Салцбург и Ателтико Мадрид. На „јорганџиите“ им игра и нерешен резултат за освојување на второто место. Свои сметки има и Локомотив Москва. Рускиот тим може да заврши на третото место, но само доколку победи во Минхен, а Слацбург не победи во дуелот со Атлетико.

Последното коло ќе ја реши ситуацијата во Б-групата. Во најдобра позиција се фудбалерите на Борусија Менхенгладбах. Тие сигурно ќе се пласираат во осмина-финалето доколку останат непоразени во Мадрид против Реал. Борусија може понатаму и со пораз, но во тој случај Интер и Шахтјор треба да одиграат нерешено.
Шахтјор ќе оди понатаму доколку го победи Интер, а може да стигне до нокаут-рундата и со реми, но тогаш Реал не смее да ја победи Борусија.
Реал ќе биде сигурн патник во наредната рунда доколку забележи победа над Борусија, со нерешен резултат оди понатаму само доколку Интер го победи Шахтјор.
Интер за пласман во осмина-финалето треба да го победи Шахтјор и да се надева дека на натпреварот во Мадрид ќе има победник.

Манчестер сити во минатото коло го обезбеди првото место во Ц-групата. Второто место е резервирано за Порто. Во групата Олимпијакос и Марсеј се борат за третото место. Грчкиот тим е во подобра позиција и треба да освои ист број на поени како и Марсеј за да продолжи во Лига Европа.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шифрин доминантно до златниот медал во слалом
Микаела Шифрин, на импресивен начин, со предност од 1,50 секунди, го освои златниот медал во слалом.
За 30-годишната Американка, ова е осма победа во слалом оваа сезона, таа само ја продолжи доминацијата од Светскиот куп со две брилијантни трки. Во Милано и Корина го освои четврти олимписки медал во кариерата, трет златен.
Шифрин, во првата трка создаде огромна предност пред ривалките. Втората трка донесе хаотичен финиш.
Корнелија Елунд, трета по првото возење, направи голема грешка во долниот дел од патеката и не ја заврши тркаат. Лена Дир, втора по првото возење, излета на првата капија и ја шокираше публиката и остана без медал.
Покрај Шифрин, на подиумот завршија Камила Раст и Ана Свен Ларсон.
Швајцарката Раст, која во јули полни 27 години, освои сребро, за неа ова е прв олимписки медал. Прва пат медал на Олимпијадите освои и Швеѓанката Ларсон. Ја искористи последната можност, со оглед на тоа што во јуни полни 35 години.
Швајцарката Венди Холденер беше четврта, 21 стотинка зад Ларсон, Катарина Труп беше петта, а по неа следуваа: Катарина Хубер, Мелани Мајер, Ема Ајхер и Кејтлин Мекфарлан.
Foto/ EPA
Спорт
Атанасовска не ја заврши трката во слалом
Maкедонската скијачка Јана Атансовска, претпладнево го имаше вториот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
И вториот настап на Атанасовска, заврши неславно. По трката во велеслалом, таа не успеа да ја заврши и трката во слалом.
Атанасовска стартуваше како 61-ра, направи грешка во раната фаза од трката, поради што не успеа да се избори за настап во втората трка.
Инаку, по првата трка убедлива предност има Американката Микаела Шифрин.
Foto/ mok.org.mk
Спорт
(Видео) Спалети: Три чекори назад
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, зборуваше на прес-конференцијата по убедливиот пораз од Галатасарај.
Фудбалерите на Јувентус доживеаа дебакл во Истанбул, турскиот тим победи убедливо со 5:2.
„Лошо го завршивме првото полувреме и се обидовме да ја подобриме ситуацијата во второто. Нашиот тим падна во однос на посветеноста и карактерот. Денес, Јувентус се врати три чекори назад, а не еден“, рече Спалети.
Искусниот стратег потоа ја опиша ситуацијата поради која Хуан Кабал беше исклучен на почетокот на второто полувреме.
„Камбијасо ризикуваше да добие втор жолт картон кон крајот на првото полувреме. Ако веќе имате жолт картон во вакви натпревари, мора да знаете како да се однесувате, но сепак ја плативме цената со исклучувањето на Кабал. Тоа ни создаде некои тешкотии, а потоа и самите направивме премногу грешки, вклучително и во организацијата на нападот.“
Потоа Спалети ја анализираше играта на својот тим.
„Верувам дека нашиот тим може да ја подобри својата дефанзивна игра ако игра правилно. Немаме фудбалери кои се особено добри во контранападите или такви кои гарантираат голема сигурност во одбраната. Ако паднеме под нашето ниво, секогаш ќе бидеме во опасност“, истакна Спалети, а потоа продолжи:
„Секогаш сакаме да играме во нормални ситуации. Кога има сериозна опасност, топката мора да се исфрли, идејата дека секогаш треба да се игра не е точна. Кога се случуваат екстремни ситуации, никогаш не е лесно. Мора да преземеме одговорност. На индивидуално ниво и во разбирањето на одредени ситуации, тимот сè уште не е во најдобра форма и вечерва само ја влошивме ситуацијата“.
Ревашот, во кој Јувентус ќе биде домаќин ќе се одигра наредната среда, во Торино.
Foto/ depositphotos

