Спорт
Конор со порака до Ирска и до целиот свет (видео)
УФЦ-мегаѕвездата, Конор Мекгрегор, преку социјалните мрежи директно им се обрати на лидерите на својата татковина Ирска и прати силна порака до луѓето од целиот свет во врска со пандемијата на коронавирусот.
Неодамна тој загуби баба и очигледно дека, покрај тага, тоа му донесе и лутина на Ирецот.
„Здраво, на сите, здраво, Ирска. Сакам да ѝ се обратам на мојата нација, на мојот народ. До претседателот Мајкл Хигис, адмиралот Марк Мелет, главниот медицински човек Тони Холохан… Ве гледам дека разговарате за целосно затворање на нацијата и верувам дека мораме да го направиме тоа. Доста разговарање, немаме време. Мојот народ, големиот народ на Ирска. Во оваа битка сме потребни сите. Сите сме во црвениот агол и го чекаме ѕвончето. Да се собереме заедно со сите луѓе од светот. Мораме да ги затвориме аеродромите, продавниците, патувањето. Овие мерки се тешки, но се неопходни и веќе функционираа во Кина и Хонгконг. Ирска, мораме да го направиме ова“, вели Мекгрегор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

