Спорт
Конте: Бев блиску до Реал, но сега мислам само на Интер
Пред големата пресметка во Лигата на шампионите, тренерот на Интер, Антонио Конте, призна дека во минатото бил блиску до клупата на Реал Мадрид, но дека сега е пресреќен кај „неаѕурите“.
Мадрид го пречекува Интер во важен меч за двата тима во Лигата на шампионите утре и Конте откри детали за блиските средби во минатото.
„Сигурно имаше неколку моменти во кои бев блиску до клупата на Реал Мадрид. Меѓутоа, сезоната беше веќе почната и ќе беше тешко да ги преземам и на искрен начин решив да ги одбијам. Сега сум навистина фокусиран на Интер, почнавме проект кој е многу силен и среќен сум. Создаваме нешто важно“, вели Конте.
„Неаѕурите“ имаат само 2 поена по првите два меча, а Мадрид има само еден и затоа мечот носи и резултатски притисок.
„Реал Мадрид секогаш е силен бидејќи е граден за да го освојува ова натпреварување. Има фудбалери што го освоиле купот повеќепати и мораме да бидеме подготвени да страдаме на теренот. Не смееме да бидеме во позиција како боксер кој се брани од нокаут во својот агол“, додава Конте.
? Antonio Conte: “Pude entrenar al Madrid en dos ocasiones, pero no quise llegar a mitad de curso”
https://t.co/IVZoL382yC— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) November 2, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

