Спорт
Конте доцнеше еден час на прес, па порача: Тотенхем мора да има визија
Антонио Конте доцнеше еден час на својата прва прес-конференција како менаџер на Тотенхем откако го продолжи тренингот на својот тим по што јасно порача дека неговите фудбалери мора да бидат физички подобро подготвени и ментално посилни, а клубот треба да почне со визија.
Италијанецот е воодушевен од „најдобрите услови за тренинг и работа“ на светот што ги има лондонскиот клуб, но дека фокусот треба да се сврти на работите што се прават на теренот.
„Предизвикот е голем. Го познавам овој клуб долго време и знам дека нема освоено титули многу години, но тоа не се случува по еден-два дена или во еден или два месеца. Морате да имате физија. Клубот имаше фантастична визија надвор од теренот и сега треба да има визија и за фудбалот. Клубот има неверојатен стадион и тренинг-центар, сега е потребно време. Клубот ме избра и јас сум почестен, но знам колку е потребно да се сменат работите на теренот. Искрено, мораме да смениме многу работи“, вели Конте.
Познат по својата дисциплина и барањето за напорна работа, Конте имаше порака и за своите играчи.
„Мораме да се подобриме во многу аспекти. Сите фудбалери, не само еден или двајца. Секој мора да работи на својата физичка подготвеност за да ја разберат мојата идеја на фудбалот. Тактички и физички мораат да бидат подготвени да страдаат“, додава Конте.
?”This is a big big challenge, I think this club has a great vision outside the pitch and we’re starting to have a good vision on the pitch.”
Antonio Conte needs time with Tottenham Hotspur and can see potential winners in them pic.twitter.com/OGB0uNKaqs
— Football Daily (@footballdaily) November 5, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

