Контакт

Спорт

Конте го отпишал и Перишиќ?

Објавено пред

Антонио Конте не е задоволен од изданието на својот тим на натпреварот против Манчестер Јунајтед, одигран во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите. Во Сингапур Интер беа поразени со 1-0.

Една изјава на Конте по мечот особено го привлече вниманието на италијанските новинари. Новиот тренер на Интер не бил задоволен од изданието на Иван Перишиќ.

„Работиме но одговорите не се позитивни. Мислам дека Перишиќ не одговара за улогата што јас ја барам. Занм дека во овој момент може да игра само како напаѓач“, рекол Конте.

Тренерот на Интер имал замисла Хрватот да игра како бек-крило во неговата омилена формација 3-5-2, односно да ја покрива целата лева страна.

Италијанските медиуми се сигурни дека по Мауро Икарди и Раџа Наинголан следниот што ќе го отпише тренерот е токму Перишиќ.

Инаку тие не ја исклучуваат ниту можноста Перишиќ да им биде понуден на Манчестер Јунајтед како дел од трансферот на Ромелу Лукаку.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Панчев: Се случуваа чудни работи во Вардар

Објавено пред

Дарко Панчев европски првак со Црвена ѕвезда и европска „Златна копачка“ во интервју за „Вечерњи лист“ меѓу другото проговорил и за периодот во кариерата кога бил спортски директор на Вардар. Најтрофејниот македонски клуб пред неколку сезони направи вистинска сензација кога преку Фенербахче избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Панчев, кој заедно со поранешниот соиграч Илија Најдоски, биле доведени за да го подигнат клубот на повисоко ниво, набргу по големиот успех ги напуштиле своите функции.

„Кога станува збор за Вардар, се случуваше нешто чудно. Јас и Илија Најдоски дојдовме во Вардар за да го подобриме квалитетот на тимот и да станеме конкурентни во Европа. Тоа набргу и ни успеа, направивме големо изненадување, го елиминиравме Фенербахче. Клубот заработи многу пари со пласманот во фазата по групи во Лига Европа. Очекувавме дека луѓето што го водеа клубот да инвестираат пари во трансфери на квалитетни фудбалери, за Вардар да биде уште поконкурентен. За жал се случи спротивното, наредната година воопшто немаше пари, се должеше кон сите, некои играчи си заминаа, не беа донесени адекватни замени и резултатите беа катастрофални. Јас и Најдоски видовме дека нема ништо од она што се договоривме на почетокот и поради тоа полеке, полека се повлековме и повеќе не сме во Вардар. Зошто тоа било така тоа может да објаснат луѓето што го водат клубот“, рекол Панчев.

Прикажи повеќе...

Спорт

Наредното лето ќе го тестира пазарот, Богдановиќ посакува богат договор

Објавено пред

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Богдан Богдановиќ, нема да го продолжи договорот со франшизата од Калифорнија, туку наредното лето ќе има статус на ограничено слободен играч.

Играч со ваков статус може да прима понуди од сите тимови во лигата, но актуелниот клуб сепак е во повластена положба бидејќи во случај да ја изедначи највисоката понуда, тогаш Богдановиќ ќе остане во Сакраменто.

Инаку, доколку Богдановиќ до 21 октомври потпише нов договор со Сакраменто, тогаш тој за четири години може да добие 52 милиона долари. Сепак, според локалните медиуми, Богдановиќ бил убеден дека може да добие појак договор и поради тоа наредното лето ќе го тестира пазарот.

Богдановиќ имаше брилијантен настап на Светското првенство во Кона, каде што Србија не успеа да освои медал. Богдановиќ на СП беше најдобар стрелец со просек од 22,9 поена од натпревар.

Минатата сезона во Сакраменто, негова втора во НБА-лигата, од натпревар бележел 14 поени, 3,8 асистенции и 3,5 скока.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нејмар повторно е повреден

Објавено пред

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар, поради повреда ќе биде надвор од тимот еден месец.

Најскапиот фудбалер во историјата се повредил настапувајќи за својата репрезентација. Бразилците во неделата, во Сингапур, одиграа контролен натпревар со Неигерија (1:1), а Нејмар теренот го напуштил по само 12 минути.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен почувствувал болка во левата нога, а подоцна било констатирано дека станува збор за повреда на препоната.

Нејмар ќе пропушти шест натпревари, а во тимот би требало да се врати за натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, на 26.ноември.

Ова за Бразилецот е 11 повреда во последните две години.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија7 минути

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека полека се исполнува...

Македонија1 час

Заменик министерот за здравство, Асим Муса поднесе оставка

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес конференција соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување...

Македонија2 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија3 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора4 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија4 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа4 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион5 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија5 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт16 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија18 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија19 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија20 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ21 час

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија21 час

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија21 час

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија22 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет1 ден

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ1 ден

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Досие