Спорт
Конте им објаснувал на фудбалерите како да имаат секс!
Антонио Конте успеа да го „препороди“ Интер по доаѓањето на клупата ова лето и ги промовираше во најсериозни кандидати за земање на титулата од Јувентус, а сега признава дека една од тајните на успехот е во тоа што им објаснувал на своите фудбалери како да практикуваат секс додека трае сезоната во Серија А.
50-годишниот Конте во интервју за францускиот „Л’Екип“ признава дека се обидува да го контролира сексуалниот живот на неговите фудбалери со одредени правила – да вложуваат што е можно помала физичка активност во сексот, секогаш да бидат долу и да бидат интимни само со своите сопруги.
„За мене, натпреварувањето е битка. Тоа е ’твоја смрт-мој живот’. Фокусиран сум на работата и правам сè за мојот тим. Тоа е мојот начин на живот и ми носеше преран крај на кариерата. Секак, и во сексот мора да има правила. Не треба да трае долго, мора да има што е можно помалку напор. Затоа, треба да останете под партнерот. И ако е можно, тоа да биде со своите сопруги, бидејќи со другите… Па, потребна е дополнителна акција“, вели Конте.
Antonio Conte : « Je suis un esprit libre, pas un lèche-cul »
Arrivé cet été à l’Inter Milan où ses débuts sont prometteurs, Antonio Conte se confie sur son parcours, sa personnalité entière et sa vision rigoureuse du métier.https://t.co/Ra9jfpWCQZ pic.twitter.com/yVDdrvON4m
— L’ÉQUIPE (@lequipe) November 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.