Спорт
Конте ќе добие буџет од 200 милиони евра

Антонио Конте, новиот менаџер на Тотенхем, во зимскиот преоден рок, ќе добие голем буџет. Менаџерот на засилувања ќе може да потроши 200 милиони евра, тврди „Ла Република“.
Според овој извор, спортскиот директор Фабио Паратичи, му ветил на Конте дека ќе добие тројца играчи од Серија А.
Тотенхем сака да ги донесе Стефан Де Фрај и Алесандро Бастони, кои со Конте ја освоија титулата во Италија и хит-напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.
Нејасно е само дали доколку дојде Влаховиќ, Тотенхем ќе го продаде Хари Кејн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сопругата на Халк Хоган: „Срцето ми е скршено“

Сопругата на Халк Хоган, Скај Хоган, му оддаде почит на својот покоен сопруг.
Таа рече дека срцето и’ е скршено додека зборуваше во трогателна почит по смртта на ѕвездата на WWE.
Седумдесет и едногодишната икона на борењето и телевизијата, Халк Хоган, почина вчера наутро откако доживеа срцев удар.
Итната помош беше повикана во неговиот дом во Флорида, каде што беше лекуван околу 30 минути пред да биде однесен во болница.
За жал, тој беше прогласен за мртов подоцна тоа утро.
По шокантните вести, холивудските и боречките ѕвезди му оддадоа почит на Халк.
Дури и сегашниот претседател на САД се збогува со него.
„Халк Хоган беше МАГА (Make America Great Again) цело време – силен, жилав, паметен, но со најголемо срце“, напиша Доналд Трамп на платформата „Трут соушал“.
„Тој одржа апсолутно електричен говор на Републиканската национална конвенција, тоа беше еден од најважните моменти од целата недела.“
„Тој ги забавуваше фановите од целиот свет, а културното влијание што го имаше беше огромно. На неговата сопруга Скај и на семејството, им испраќаме најтопли желби и љубов. Халк Хоган многу ќе ни недостига!“
Фото: Инстаграм профил на Скај Хоган
Спорт
Пјастри со брутален круг до пол-позицијата за спринт трката во Белгија

Оскар Пјастри од пол-позицијата ќе ја стартува спринт трката на патеката Спа Франкошамп во Белгија. Лидерот во генерланиот пласман со со брутален круг ја освој првата стартна позиција.
Кругот со кој Пјастри ја освои пол-позицијата е со време 1.40.510 минути. Австралиецот за половина секунда зад себе го остави актуелниот шампион Макс Ферстапен, а за шест десетинки беше подобар од тимскиот колега Ландо Норис.
Спринтот од вториот ред, веднаш до Норис ќе го започне возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Брилијантни квалификации имаа возачите на Хас, Естебан Окон ќе стартува од петтото, а Оли Бернман од седмото место. Меѓу нив е возачот на Вилијамс, Карлос Саинц јуниор.
Во Топ 10 на стартото ќе бидат Пјер Гасли (Алпин), Исак Хаџар (Рејсинг Булс) иГабриел Бортолено (Заубер).
Најголемото разочарување во квалификациите се Луис Хамилтон и возачите на Мерцедес. Хамилтон ќе стартува од 17.позиција, Џорџ Расел од 13-та, а Андреа Кими Антонели во последната позиција.
Спринт трката се вози утре во 12 часот, а четири часа подоцна на програмата се квалификациите за главната трка.
Foto/ McLaren Media
Спорт
Милинковиќ-Савиќ се сели во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе се пресели во Наполи. Новинарот Фабрицио Романо објави дека српскиот голман ги прифатил условите на италијанскиот шампион.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, инсистирал на доаѓањето на Милинковиќ-Савиќ, на крајот клубот му ја исполни желбата.
Торино ќе заработи 21.000.000 евра, а клубот од Неапол ќе ги исплати парите во текот на следните четири години.
Фото/ Принтскрин