Спорт
Конте: Се надевам дека ќе го водам Тотенхем в сабота

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, е оптимист дека ќе може да го води својот тим од клупата против Брајтон в сабота, и покрај тоа што покажа позитивен тест за Ковид-19. Тотенхем вчера откри дека Конте бил позитивен на коронавирус во текот на викендот, присуствувајќи на последниот тренинг на тимот од далечина.
„По натпреварот против Астон Вила почнав да чувствувам благи симптоми, имав болка во грлото. Побарав да направам тест за Ковид-19 и беше позитивен, но сега сум добро. Мислам дека ќе можам да бидам на клупата со моите играчи в сабота, со оглед дека помина доволно време од мојот тест за коронавирус“, изјави Конте.
Тотенхем е во трка за четвртата позиција на табелата во Премиерлигата која води во Лигата на шампионите следната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Медведев нема да оди на суд за да игра на Вимблдон

Светскиот рекет број 2, Данил Медведев вели дека не планира да бара правда пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), откако Вимблдон им забрани на руските и белоруските тенисери да настапат на елитниот гренд слем турнир.
Одлуката на Вимблдон беше критикувана од АТП и ВТА турнејата, како и од повеќе индивиуални тенисери, а се најавува дека ако не се смени одлуката турнирот нема да носи рејтинг-поени како „казна“ од федерациите. Шампионот од САД опен, Медведев вели дека се направиле „многу грешки“ околу забраната и дека чека АТП да реагира.
„Јас не сум адвокат. Ако не можам да играм, нема да одам на суд за ова, тоа е сигурно“, изјави Медведев пред стартот на Ролан Гарос во Париз.
Спорт
Барнли и Лидс се закануваат со тужба против Премиер лигата и Евертон

Борбата за опстанок во Премиерлигата добива поинаква димензија пред последниот викенд, откако Лидс јунајтед и Барнли, двата клуба кои уште немаат сигурен опстанок најавија тужба пртив Премиерлигата и Евертон, поради „сериозно нарушување“ на финансиските правила од клубот во Ливерпул.
Британските медиуми откриваат дека Барнли и Лидс со писмо ги известиле Премиерлигата и Евертон дека го заддржуваат правото за легална битка, барајќи истрага за тоа како Евертон дозволиле последните три години да работат со загуба од фантастични 371.8 милиони фунти.
Според сегашните правила во Премиерлигата, клубовите смеат да одат во минус 105 милиони фунти во период од три години, и во спротивност може да бидат казнети со одземање на поени. Парите загубени поради пандемијата на КОВИД не се сметаат во овие загуби, но Лидс и Барнли тврдат дека Евертон има тројно поголема загуба од просечен премиерлигаш.
Инаку, Евертон вчера успеа да обезбеди опстанок во Премиерлигата, додека Лидс и Барнли влегуват во последното коло со ист број на поени, а Лидс има подобра гол-разлика.
Спорт
Леклер и Ферари најбрзи на Каталуња, Мерцедес се враќа во форма!

Шарл Леклер беше најбрз на двете тренинг-сесии пред шпанското ГП во Барселона пред Џорџ Расел во уште еден ветувачки ден за Мерцедес.
Леклер со меки гуми постави 1:19.670, што беше само за 0,117 секунди побрз од најдобриот обид на Расел и само 0,2 секунди пред Луис Хамилтон за да ја вратат вербата дека „сребрената стрела“ полека ги надминува проблемие од почетокот на сезоната. Карлос Саинс Јуниор го комплетира топ-4 за Ферари, но се жалеше на брзото трошење на гумите на жештината во Каталонија.
Актуелниот шампион Макс Ферстапен во Ред бул беше на петтото место со 0,336 секунди заостанување пред Фернандо Алонсо со половина секунда послабо време за Алпине и вториот возач на „биковите“, Серхио Перез, а Себастијан Фетел со контроверзниот Астон Мартин беше осми.