Спорт
Кординие е решението за проблемите на Реал
Кошаркарите на Реал Мадрид лошо ја започнаа сезоната, особено во Евролигата, каде по осум рунди веќе имаат пет порази.
На Реал му се неопходни засилувања, најмалку по еден играч во надворешната и внатрешната линија.
Ајзеа Кординие е првиот пик на Реал како засилување на бековската позиција. Францускиот кошаркар е еден од главните адути на Виртус оваа сезона, екипа која исто така лошо влезе во новата сезна.
Доколку сака да го доведе францускиот репрезентативец, Реал ќе треба да одвои половина милион евра како обештетување. Во замена за Кординие, италијанскиот тим би го довел младиот играч на Реал Мадрид, Уго Гонзалес.
Кординие, кој одигра исклучително добро на олимпискиот турнир во Париз, сезонава во италијанското првенство има просек од 10,3 поени, додека во Евролигата бележеше 14,1 поен, но и 4,7 скока и 3,9 асистенции по натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јелена Докиќ: Никогаш не сакав да играм за Југославија
Во кино салите ширум Австралија се појави документарениот филм за Јелена Докиќ, во кој поранешната тенисерка зборува за различни теми, меѓу кои и играњето за репрезентацијата на Југославија.
Докиќ претрпела физичко и психичко малтретирање од нејзиниот татко, кој ја принудил да игра за репрезентацијата на Југославија во 2001 година:
„Би прифатила 100 години злоставување кога би можела да го вратам тоа што неколку години не играв за Австралија“, призна Докиќ и додаде:
„Тој ми одзеде нешто што толку многу го сакав. Ми го одзеде во тој момент. Тој седи во хотелска соба и го гледа ова додека 15.000 луѓе ме исвиркуваат. Сакав само да пропаднам во земја и да исчезнам и никогаш да не се вратам”.
Докиќ признава дека би издржала тешка семејна ситуација и злоставување отколку да и бидат одземени блиските луѓе.
„Би прифатила секаква злоставување, што било на овој свет, доколку не го поминам лично, на не ми бидат одземени моите луѓе. Австралијците и моите обожаватели и сите кои отсекогаш ме поддржувале, да не беа потребни 10 или 15 години додека не излезе мојата книга за да ја дознаат вистината и колку навистина ја сакам Австралија“.
Докиќ беше четврта тенисерка во светот, а нејзиниот најдобар Грен слем пласман беше полуфиналето на Вимблдон во 2000 година.
Спорт
Се подготвува бокс меч Ибрахимовиќ против Руни
Мамс Тејлор, промоторот на организацијата „Мисфитс бокс“ најави пресметка во рингот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни.
Веќе некое време се шпекулира дека Златан би можел да се испроба во боксот, а сега стигна и потврдата.
„Разговарав со Златан за борбата. Јас сум добар пријател со неговиот менаџер и ние тројца разговаравме на ова тема. Беше многу интересно бидејќи Златан гледаше многу борби во нашата организација и знае за што се работи. Тој би бил одличен боксер“, рече Тејлор, а потоа го откри името на ривалот:
„Како што стојат работите, противник на Златан ќе биде Руни. Имаше разговори за тоа и мислам дека е само прашање на време. Има и други имиња, но тие не се толку големи како овие двајца”.
Засега не се знае кога советникот во Милан и тренерот на Плимут би можеле да си ги одмерат силите. Руни е познат како голем љубител на боксот, но засега не се огласил по повод можната борба.
Двајцата играа заедно во Манчестер Јунајтед каде ја освоија Лига Европа, Лига Купот и Комјунити Шилд.
Спорт
Заврши сезоната за Мауро Икарди
Победата на Галатасарај против Тотенхем (3:2) во Лига Европа мина во сенка на повредата на Мауро Икарди.
Искусниот аргентински напаѓач ги повредил предните вкрстени лигаменти на коленото и го чека операција, а потоа и долг период на рехабилитација.
Икарди оваа сезона постигна шест гола и забележа за две асистенции за Галатасарај.
Во Лига Европа, Галатасарај со три победи и реми се наоѓа во група на пет тима со ваков учинок, веднаш зад Лацио кој е единствен со четири победи. Во турската Супер лига, актуелниот шампион е лидер, со натпревар помалку има три бода повеќе од Самсунспор и пет од Фенербахче.
Момчето од Росарио има 31 година, неговиот договор со Галатасарај истекува за 18 месеци.