Спорт
Корона-криза во Реал, Маријано Дијаз е позитивен

Реал Мадрид потврди дека нивниот фудбалер Маријано Дијаз имал позитивен тест на Ковид-19 и сега се наоѓа во самоизолација во својот дом и ќе го пропушти вториот меч од осмина-финалето на ЛШ против Манчестер сити.
Тимот на Зинедин Зидан ја освои титулата од Ла Лига, но сега ги чека тежок предизвик да ја надополнат 2:1 негативата против Сити на гости на „Етихад“ на 7 август. Иако во Велика Британија постои протокол со карантин за влегувања од Шпанија поради коронавирусот, фудбалерите на Реал ќе бидат изземени од потребната 14-дневна изолација при влегување во земјата.
Според Реал, Маријано немал контакт со другите фудбалери и членови на тимот и е единствениот позитивен по тестирањето. Маријано преку „Инстаграм“ потврди дека нема симптоми на болеста.
„Фала богу, јас сум во совршена состојба, како и сите во моето семејство. Закрепнувам дома и се надевам дека бргу ќе им се вратам на нормалните тренинзи“, изјави Маријано.
Маријано имаше само седум настапи за „кралевите“ оваа сезона и еден гол, а од рестартот на лигата во јуни има само три влегувања во игра од клупата.
Parte médico de Mariano.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (34?) (@realmadrid) July 28, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот:
Спорт
Рамсдејл во Њукалс

Арон Рамсдејл ќе го брани голот на Њукасл следната сезона, бидејќи „страчките“, со Саутемптон договорија позајмица со право на откуп.
Иако потпиша четиригодишен договор со „Светците“ на 30 август минатата година, само 11 месеци подоцна повремениот репрезентативец на Англија ќе го напушти бродот што потоа во Чемпионшип.
Интересно, Рамсдејл трет пат испадна од Премиер лигата, но ниту еднаш не остана во клубот да брани во понизок ранг, прво Борнмут во 2020 година, а потоа Шефилд Јунајтед една година подоцна. Сега ќе бара среќа во Њукасл, кој ја заврши претходната сезона на петтото место, па ќе игра во Лигата на шампионите. Рамсдејл ќе се бори за место меѓу стативите со 33-годишниот Ник Поуп.
Црно-белите, според извештаите од Островот, платиле „значителна сума“ за да го земат момчето од Стоук на позајмица за една година, а договорот вклучува право за откуп на неговиот договор.
Фото/ Принтскрин