Контакт

Спорт

„Коронавирусот ја одложи примената на ВАР-технологијата“

Објавено пред

По натпреварот Србија – Португалија, во кој судиите не го видоа голот на Кристијано Роналдо во 93. минута, се огласи УЕФА со објаснување зошто ВАР-системот не е во употреба во квалификациите за пласман на Светското првенство.

УЕФА соопшти дека поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот се откажале од примената на ВАР-технологијата.

„Влијанието на коронавирусот врз оперативните и логистичките способности ФИФА побара УЕФА да ја одложи примената на ВАР-технологијата во фазата по групи во Лига Европа во сезоната 2021/2022 и да се повлече предлогот ВАР да се користи во квалификациите за пласман на Светското првенство“, се наведува во соопштението.

УЕФА на овој начин им одговори на Португалците, кои се жалеа по мечот Србија – Португалија (2:2). По ударот на Роналдо, топката ја мина гол-линија, судиите не го забележаа тој момент, а целата ситуација не можеше да оди на проверка бидејќи не постои ВАР-технологијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Барселона го освои Купот, во финалето го декласираа Атлетик Билбао

Објавено пред

Барселона го освои Купот на Шпанија. Во 119.финале на Купот, на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја, Барселона го декласира Атлетик Билбао со 4:0 и го освои 33. трофеј во ова натпреварување. Ова е прв трофеј за Роналд Куман на кормилото на Барселона. Атлетико Билбао, во интервал од две недели го загуби и второто финале во Купот.

Финалсниот меч од почетокот до крајот беше еднонасочна улица. Барселона го наметна својот стил, а Атлетик Билбабо се определи за ултра дефанзивна тактика. Се бранеа длабоко со сите играчи, оставајќи му противникот да напаѓа. Во еден дел од првото полувреме Барселона имаше повеќе од 80 осто од поседот на топка.

Барселона натпреварот го реши во периодот од 60 до 72.минута кога ги постигна головите. Серијата ја отвори Гризман, Де Јонг погоди во 63.минута, а серијата ја затвори Меси со два гола во 68. и 72.минута.

Атлетик Билбао во текот на целиот натпревар ниту еднаш не се заканија кон голот на Тер Штеген.



Прикажи повеќе...

Спорт

Проблем за Сити, Де Брујне неизвесен за дуелите со ПСЖ

Објавено пред

Манчестер сити испадна во полу-финалето на ФА купот и остана без Кевин Де Брујне. „Граѓаните“, вечерва, загубија минимално од Челси (1:0) во полу-финалето, а Де Брујне поради повреда теренот го напушти во второто полувреме.

Засега, клубот, не објавува информации колку сериозноста на повредата на Де Брујне. Менаџерот Пеп Гвардиола, по натпреварот изјавил дека Белгиецот утре ќе оди на дополнителни прегледи, со краток коментар дека „повредата не изгледа добро“.

Повредата на Де Брујне е голем удар за амбициите на тимот на Гвардиола, кој во наредните 20 дена ќе одигра три важни натпревари, наредната сабота ќе го одиграат финалето во Лига купот против Тотенхем, а потоа им следуваат и полу-финалните натпревари со ПСЖ, во Лигата на шампионите.

Нешто полесно ќе им биде во Премиер лигата, бидејќи на врвот имаат 11 поени повеќе од Манчестер јунајтед.

Прикажи повеќе...

Спорт

Зијеш ги однесе Челси во финалето на ФА купот

Објавено пред

Фудбалерите на Челси ќе играат во финалето на ФА купот. „Сините“, во првото полу-финале, го совладаа Манчестер сити со 1:0. Голот кој го реши победникот го постигна Хаким Зијеш во 55.минута.

Натпреварот наречен „финале пред финалето“ во ФА купот, понуди малку возбудувања и многу тактички надмудрувања помеѓу Томас Тухел и Пеп Гвардиола.

Сито во првиот дел немаа чиста шанса за постигнување гол додека Челси сериозно се заканија преку Чилвел во 21.минута. Претходно, во седмата минута, ВАР поради офсајд го поништи голот на Зијеш.

Во вториот дел, Сити ја имаа топката во свој посед, додека Челси се определија за контранапади.

Контрата, и асистенцијата на Вернер кон Зијеш им го донесе водечкиот гол на „сините“.

До крајот на мечот, Сити имаше две полу-шанси преку Стерлинг, на спротивната страна ВАР го поништи голот на Хаверц.

Челси и минатата година играше во финалето, но не успеа да го освои. Инаку, ова ќе биде четврто финале во ФА купот за Челси во последните пет години. Оваа година „сините“ ќе се обидат да ја освојат деветтата титула во ФА купот.

Последен пат екипата од „Стенфорд Бриџ“, триумфирала во ФА купот во 2018 година.

Челси во финалето ќе игра против победникот од утрешното полу-финале помеѓу Саутемптон и Лестер.

Финалниот меч ќе се одигра на „Вембли“, на 15.мај.



Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

ФСБ спречи атентат на Лукашенко

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај...

Македонија11 час

Нови 824 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 313,...

Свет11 час

Познати личности од целиот свет му напишаа писмо на Путин

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото бараат...

Свет13 часа

(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде...

Економија15 часа

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат...

Македонија17 часа

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Македонија17 часа

МЗ: Голема благодарност до семејството на починатата девојка, нејзините органи ќе бидат донирани на десетина пациенти

Пациентот кој го прими срцето од починат донор во втората трансплатанција на срце во државава е на возраст од 22...

Македонија18 часа

Одбраната на Камчев поднесе кривични пријави за судиите кои му одредија притвор

Одбраната на Орце Камчев поднесе кривични пријави против судиите кои му го продолжија притворот за уште 30 дена за предметот...

Регион18 часа

Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес....

Свет19 часа

Русија им забрани влез на високи претставници на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрана за влез на високи претставници на САД. Меѓу нив се и јавниот обвинител Мерик Гарланд и министерот...

Македонија19 часа

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 22-годишно момче

Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 22-годишно момче кое доби...

Регион1 ден

Јанша го негира нон-пејперот: Тој документ не постои

Нема документ, па дури и нон-пејпер, со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот, е пораката...

Македонија1 ден

Судот одреди домашен притвор за Драги Рашковски

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го...

Македонија2 дена

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија2 дена

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија2 дена

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет2 дена

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа2 дена

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион2 дена

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија2 дена

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Досие