Контакт

Спорт

Кошаркарите на Партизан ќе учествуваат на престижниот турнир во Атина

Објавено пред

Кошаркарскиот клуб Партизан доби покана за престижниот турнир во Атина.

dobivaj vesti na viber

Кошаркарите ќе учествуваат на турнирот Павлос Јанакопулос кој ќе се одржи на отворени терени во Атина.

Црно-белите добија покана за учество на овој престижен турнир, на кој традиционално настапуваат и кој е во организација на тимот на Панатинаикос.

На овој турнир покрај избраниците на Жељко Обрадовиќ ќе настапат и Анадолу Ефес, Макаби од Тел Авив и секако домаќинот Панатинаикос.

Според планот натпреварите ќе се играат на античкиот стадион „Панатинаико“ кој има капацитет од околу 40.000 седишта.

 

Спорт

(Видео) Нестварна интервенција – Олмо ја одбрани победата на Шпанија во 90.минута

Објавено пред

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо има огромна заслуга за победата на Шпанија , поради неверојатната одбрана во 90.минута во финалниот натпревар на Олимпискиот стадион во Берлин.

dobivaj vesti na viber

Шпанија четврти пат стана европски првак, откако во финалето ја победи Англија со 2:1.

Олмо со глава од гол линината ја изби топката која ја упати Гуеи. Унај Сајмон не можеше да стане, бидејќи претходно и тој имаше брилијанен потег кога го одбрани ударот на Рајс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кејн се уште го чека првиот трофеј во кариерата

Објавено пред

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, ќе мора да почека на првиот трофеј во кариерата.

dobivaj vesti na viber

По 14 години играње професионален фудбал, по 643 одиграни натпревари, Кејн се уште не знае како е да се освои трофеј.

Тоа не му успеа ниту во неделата навечер, во финалето на Европското првенство, бидејќи Шпанија победи со 2:1.

Минатата сезона се пресели во Баерн со надеж дека ќе освои некој трофеј, но сезната зад нас беше најлошата за Баварците во последните 12 години.

Со Англија двапати беше вицешампион на Европа, додека со Тотенхем два пати го загуби финалето на Лига купот и Лигата на шампионите во 2019 година.

„Тешко е да се опише со зборови како сите се чувствуваме во моментов. Тежок натпревар. Направивме се за да се вратиме во натпреварот и се боревме да го направиме тоа. Тешко е кога ќе примите гол во последните минути. Во првото полувреме се мачевме, не можевме да ја земеме топката во наш посед. Второто полувреме беше подобро успеавме да постигнеме гол, а потоа не фатија со една хоризонтална топка. Ја пропуштивме шансата, но не е воопшто лесно да се дојде до финалето. Кога ќе добиете ваква шанса морате да ја искористите, а ние тоа повторно не го направивме. Ова е екстремно болно и долго ќе боли. Селекторот ќе размисли дали ќе продолжи да го води тимот, сакавме да победиме за него“, рече Кејн по натпреварот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Поминаа 58 години, а фудбалот се уште не се „вратил дома“

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Англија нема освоено голем трофеј од Светското првенство во 1966.

dobivaj vesti na viber

Последната шанса ја имаше вечерва против Шпанија во Берлин, но „црвената фурија“ го доби финалето на ЕУРО 2024 со 2:1.

Ова е второ последователно финале на континеталните првенства кое Гордиот Албион го заврши со пораз. .

Овој можеби беше последен за Герет Саутгејт како селектор на Англија и покрај тоа што Фудбалската асоцијација (ФА) најави дека селекторот ќе ја добие довербата да го води тимот и на Светското првенство во 2026 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Шпанија го освои Европското првенство

Фудбалската репрезентација на шпанија четврти пат во историјата стана европски првак. Шпанија во финалето на ЕУРО 2024 ја победија Англија...

Македонија9 часа

Ангелов: За жал пожарот на Серта повторно гори, гасењето го помагаа 103 војници, 30 полицајци, хеликоптери и ер-трактори, ќе се гаси и утре

Пожарот на планината Серта кој има три крака, сè уште е активен. Гасењето ќе продолжи сè додека е видливо, а...

Свет10 часа

20-годишниот атентатор на Трамп работел во кујна во дом за стари лица, пушката ја купил татко му

Американските медиуми објавуваат нови детали за 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп. На...

Македонија12 часа

Претседателката Сиљановска-Давкова им подари галичка пафта на младенците на „Галичка свадба 2024“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата. Претседателката изрази задоволство од континуитетот...

Македонија13 часа

(Видео)Планината Серта сè уште гори, полицискиот хеликоптер во 25 налети истури 38 тони вода врз огнот

Полицискиот хеликоптер денес исфрли 38 тони вода за гаснење на пожарот на планината Серта кој и денес е активен, соопшти...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Патувањето на синот на Мицкоски не ја чини ништо државата, тој не е дел од делегација, СДС падна ниско штом меша деца

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот...

Македонија19 часа

Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино...

Свет20 часа

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Доналд Трамп, Тајаната служба го застрела

ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот...

Свет1 ден

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен. Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември...

Македонија1 ден

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери....

Топ1 ден

40-годишникот им дал да пијат лекови во комбинација со алкохол – детали за случајот со децата кои завршија на Токсикологија

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишниот Д.Ѓ. во чијашто куќа беа најдени четворицата малолетници, од кои две...

Македонија2 дена

Стабилна е состојбата на тинејџерите кои беа најдени без свест во куќа во Скопје, користеле психотропни супстанци

Стабилна е состојбата на четворицата малолетници кои беа најдени без свет и со повреди по телото во куќа во Скопје....

Култура2 дена

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на...

Македонија2 дена

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна...

Македонија2 дена

(Видео) Со „ер тракторите“ ќе се гаснат пожарите кај Серта и бугарската граница, цела ноќ пожарникарите се бореа со огнот кај Неготино

Три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на...

Македонија2 дена

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија. Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека...

Македонија2 дена

Не бил киднапиран, ниту се самозапалил: полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона...

Топ2 дена

(Видео) Тешка несреќа кај Хиподром

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Скопје, кај Хиподром. Автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа покрај...

Македонија3 дена

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за...