Спорт
Кошмарна ноќ за Џејмс Харден, Стеф Кари стигна до 20.000 поени во кариерата

Два натпревари се одиграа синоќа во најсилната кошаркарска лига во светот. Голден Стејт вориорс беше домаќин на Денвер Нагетс и победи со 113:102, а Бруклин нетс славеа со убедливи 129:100 против Филаделфија во првата пресметка со пребегнатата ѕвезда Џејмс Харден.
Драматична завршница имаше натпреварот во Денвер, во кој Вориорси победија со серија од 13:0. На влезот во последните две минути резултатот беше 102:102, потоа Стеф Кари погоди за предност, а Џордан Пул врза две тројки во последната минута.
Кари го заврши натпреварот со 34 поени и девет скока, Пул помогна од клупата со 21 поен, пет скока и седум асистенции, а Џонатан Куминга и Клеј Томпсон додадоа 18 за победничкиот тим. Ова беше натпревар во кој Стеф Кари со карактеристична тројка од голема далечина стигна до бројката од 20.000 поени. Тој стана 49. играч во историјата на НБА-лигата со толку многу поени.
Навивачите на Филаделфија пред натпреварот со свирежи ја пречекаа поранешната ѕвезда на клубот Бен Симонс, но тоа беше сè што можеа да направат бидејќи тој не играше на првиот дуел против екстимот. Играчот кој замина во спротивна насока во таа размена беше Џејмс Харден, а не се прослави против поранешните соиграчи. Бруклин нетс победи со убедливи 129:100.
Бруклин нетс брзо дојдоа до предност што не ја загубија до крајот на мечот поради одличниот настап на Кевин Дурент (25 поени, 14 скокови, седум асистенции), Кајри Ирвинг (22 поени, пет асистенции) и поранешниот играч Сет Кари кој со шут (10/14) уфрли 24 поени.
Џоел Ембид со 27 поени и 12 скока беше првото име на Филаделфија на која ѝнедостигаше вистинскиот Харден. Тој постигна 11 поени со шест скока и пет асистенции во ноќ со многу промашувања. Тој шутираше со катастрофален ефект на прецизност (3/17).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ сигурен во Париз, продолжува одбраната на круната

Новак Ѓоковиќ повторно имаше релативно лесна победа во три сета, совладувајќи го Словенецот Аљаж Бедене со 6:3/6:3/6:2 за пласман во осминафиналето на Ролан Гарос, каде што е актуелен носител на титулата.
Со победата по час и 48 минути игра, светскиот рекет број 1 продолжи со импресивната игра на земја по неубедливите подготовки за Франција опен, откако во првите три меча на црвената земја, не загуби ниту еден сет.
Следен за Ѓоковиќ е Аргентинецот Диего Шварцман, кој му оддржа вистинска лекција за игра на земја на Григор Димитров, победувајќи го бугарскиот тенисер со 6:3/6:1/6:2.
Спорт
Фердинанд и Тери во грда „преписка“ на Твитер

Поранешните соиграчи од англиската репрезентација и легенди на своите клубови, Рио Фердинанд и Џон Тери имаа грда „преписка“ на Твитер откако Фердинанд го избра Тери меѓу петте најдобри дефанзивци во Премиерлигата.
Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Фердинанд во разговор со Виргил ван Дајк од Ливерпул пред финалето на ЛШ зборуваше за најдобрите дефанзивци во историјата на англиската лига се постави себе на првото место пред Немања Матиќ, Ван Дајк и Јап Стам, додека го остави Тери на петтото место. Ван Дајк беше поскромен – го постави Фердинанд на првото место, по што следуваа Винсен Компани, Стам, Тери и Сами Хипија.
Тери не беше задоволен од листата на Фердинанд, одговарајќи преку Инстаграм со дел од статистиката од неговата кариера и најголемите успеси со порака: „Мислењата се добри, но статистиката не лаже“.
Фердинанд одговори на Твитер.
„Џон Тери, моментот кога некој треба да ги покажува своите рекорди и статистика е вистинско време да се погледне на кршливото его. Среќен си што имаше место во топ 5 по расизмот со мојот брат“, одговори Фердинанд.
Тери беше обвинет дека користел расистички изрази кон братот на Фердинанд, Антон на мечот помеѓу Квинс Парк Ренџерс и Челси во октомври 2011, за што доби суспензија од четири меча и казна од 220.000 фунти. Но, тој подоцна беше ослободен на суд од обвиненијата и постојано демантираше дека го навредувал Фердинанд.
„Кршливо его е да се поставиш на прво место, Рио.Благодарам што ме стави во топ 5“, одговори Тери.
Спорт
Керол во кревет со друга жена две недели пред својата свадба

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и англиски репрезентативец Енди Керол се најде на насловните страници на британските таблоиди откако на социјалните мрежи беше споделена фотографија на која тој е во кревет со русокоса девојка само две недели пред неговата свадба со ѕвездата од реалните ТВ шоуа, Били Маклоу.
Според „Сан“, Керол бил во Дубаи, каде што се забавувал добро и откако се онеесвестил во алкохолизирана состојба, кога бил фотографиран од менаџерката на локален бар, Тејлор Џен Вилки во неговата хотелска соба.
„Се работеше за афтерпарти. Сите отидовмево неговиот хотел. Бевме јас, една пријателка и Енди. Немаше секс, само цела вечер соалкохол. Сите бевме пијани, а фотографијата е шега“, изјави Вилки за „Сан“.
33-годишниот Керол, кој на крајот на сезоната беше ослободен од второлигашот Вест Бромвич Албион, има осумгодишна врска со Маклоу.
Tomorrow's front page: Footie star Andy Carroll passes out with a blonde after a day of partying – two weeks before his wedding to reality TV's Billi Mucklow https://t.co/yfCvaZ4dml pic.twitter.com/2KmcyBPszn
— The Sun (@TheSun) May 26, 2022