Спорт
Костов: Имав чувство дека сме непобедливи
Тренерот на Левски, Николај Костов е презадоволен од победата на неговиот тим од 2:0 против Шкупи во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига. Тренерот на Левски откри дека во еден момент дури имал чувство дека тимот е непобедлив.
„Многу е тешко да се анализира играта на Левски, бидејќи имаше борба од првата до последната минута. Исклучително тежок и исцрпувачки натпревар за нашиот тим. Им честитам на играчите, заслужено победија. Во еден момент имав чувство дека сме непобедливи. На еден начин тренираме, на друг играме, среќни сме што победивме. Резултатот е исто така добар“, рече Костов и дополни.
„Имаме млади играчи на кои им е потребна самодоверба за да го покажат својот потенцијал. Нема смисла да се зборува за теренот, не би сакал да навредам некого.
За инцидентите дознав непосредно пред натпреварот. Им честитам на нашите навивачи бидејќи нивната поддршка ни е многу важна. Немам потреба да ги мотивирам играчите. Се надевам дека нема жртви од овие инциденти, бидејќи ова е многу непријатно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дончиќ и Далас во финалето на Западот
Кошаркарите на Далас ја победија Оклахома со 117:116 и се пласираа во финалето на Западната конференција.
Маверикс со вкупен резултат 4:2 го победија Тандер, тимот кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на Западот.
Победничките поени за Далас ги постигна Пи Џеј Вашингтон од линијата за слободни фрлања на 2,5 секунди до крајот, поточно го погоди првото, а намерно го промаши второто, а во преостанатото време играчите на Тандер имаа само време да шутираат од својата половина и не успеаја да реализираат.
Оклахома пропушти голема шанса да избори мајсторка бидејќи во третата четвртина имаше предност од 17 поени.
Херој на Маверикс, како и обично, беше фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, кој блескаше и оствари трипл-дабл со 29 поени и по 10 скока и асистенции.
Трагичар на Оклахома беше нејзиниот најдобар играч, Шај Гилџис-Александер, кој го фаулираше Вашингтон. Најефикасниот кошаркар на натпреварот постигна дури 36 поени.
Спорт
(Видео) Усик го победи Фјури – Светот доби апсолутен шампион во тешка категорија
По 24 години светот на боксот има апсолутен шампион во тешка категорија. Тоа е Украинецот Александар Усик, кој по 12 извонредни рунди го совлада Британецот Тајсон Фјури во долгоочекуваниот меч.
Двајца судии гласаа за Усик (114-113 и 115-112), а еден за Фјури (114-113).
Усик тргна подобро, беше поагресивен во почетната фаза од мечот, но во шестата рунда се чинеше дека Украинецот е многу далеку од победа бидејќи беше разнишан од одличните комбинации на „кралот на циганите“.
Сепак, во деветтата рунда, Усик покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација и со фантастичен бокс и различни притисоци, го нокаутира својот ривал.
Можеби судијата тука требаше да го прекина мечот, затоа што Фјури доби голем број на удари без активно да се брани и возврати. Гонгот на крајот од рундата го спаси видно дезориентираниот Фјури, а се чинеше дека Украинецот ќе успее да дојде до престана победа во следната рунда.
Сепак, Фјури „преживува“ до крајот на 12. рунда, но Украинецот победи на поени.
Борбата се одржа пред преполната „Кингдом арена“ во Ријад, а Усик сега е сопственик на сите главни титули на денешницата, во верзиите на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО (како и помалку значајната ИБО), титулата на списанието „Ринг“, како и титулата линеален шампион на светот.
Усик има совршени 22-0 како професионалец.
HOW did Tyson Fury survive this from Oleksandr Usyk 🤯 pic.twitter.com/49IbID0yNl
— Happy Punch (@HappyPunch) May 18, 2024
Спорт
(Видео) Аталанта избори место во ЛШ
Аталанта следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо на тој начин им се приклучи на Интер, Милан, Јувентус и Болоња со оглед дека Италија ќе има пет претставници во елитата.
Аталанта во претпоследното коло победи во Лече со 2:0.
Гостите пропуштија можности преку Пашалиќ во шестата, Скамака во 27. кога ја погоди гредата, Запакоста во 39. минута …
Сепак, во вториот дел, тимот од Бергамо постигна два гола, поведе преку Де Кетеларе во 48. минута, а само пет минути подоцна Скамака го постави конечниот резултат.
На две кола пред крајот Аталанта има шест бода повеќе од шестопласираната Рома, но и подобар меѓусебен скор, па теоретски си го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека Лече е во сигурната зона.