Спорт
Ковид-главоболки за Брестовац, сите вардарци во 10-дневна изолација
Коронавирусот кој се појави во редовите на ракометниот шампион Вардар му создаде големи главоболки и на селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац пред квалификациите за ЕП во Унгарија и Словачка, на престојните дуели против Финска на 4 ноември и Швајцарија 7 ноември.
На поширокиот список од 35 ракометари на Брестовац се најдоа голманите на Вардар, Ристовски, Кизиќ, потоа ракометарите Мишевски, Стоилов, Талески, Георгиевски, Димитриоски и Јагуриновски. Тие ќе бидат во 10-дневна изолација откако денеска двајца од „црвено-црниот“ табор се позитивни на Ковид 19.
И во Металург трае ковид – изолација откако и таму пред неколку дена се појавија позитивни на вирусот, па нема да можат да бидат на располагање за репрезентативните обврски Велко Маркоски, Мице Шилегов и Милан Лазаревски.
Останува да се искристализира сликата за тоа кој ќе може да настапи на квалификациските мечеви, па селекторот да го објави скратениот список за овие два дуели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен избран за возач на годината во Формула 1
Холанѓанецот, Макс Ферстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои светското првенство. Ова беше осмо издание на изборот за возач на годината во кој гласаа возачите, а Ферстапен славеше петта година по ред.
Поените беа доделени врз основа на тековниот систем на бодови во Ф1, при што најдобриот возач на секоја листа освои 25 поени, а возачот на 10-то место освои еден поен.
Пилотот на Ред Бул победи пред светскиот шампион Ландо Норис во Мекларен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет.
За прв пат од почетокот на анкетата во 2018 година, Британецот Луис Хамилтон (Ферари) не успеа да влезе меѓу првите десет.
Во изборот учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ленс Строл и Јуки Цунода не гласаа.
Foto/ depositphotos
Спорт
Браим Диаз доби нов договор
Браим Диаз официјално ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.
И покрај тоа што ретко е во стартната постава, Мароканецот е важен дел од тимот и има голема доверба од Чаби Алонсо и Флорентино Перез.
Реал Мадрид одлучи да му понуди нов договор до 2030 година и сè што останува новиот договор да биде официјализиран.
Браим Диаз пристигна во Реал од Манчестер Сити во јануари 2019 година за 17.000.000 евра, но мораше да оди во Милан. Играше на „Сан Сиро“ од 2020 до 2023 година, а потоа се врати во Мадрид.
Ако се погледне неговиот вкупен учинок од 139 натпревари, тој постигна 21 гол и запиша 23 асистенции.
Чаби Алонсо очигледно смета дека може да биде од големо значење во наредните години, бидејќи може да игра на повеќе позиции и секогаш прави разлика кога доаѓа од клупата.
Foto/ depositphotos
Спорт
Сити со спектакуларен трансфер ќе го отвори преодниот рок
Антоан Семењо (25), крилниот напаѓач на Борнмут и репрезентацијата на Гана, се договорил со Манчестер Сити. Семењо беше голема желба на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Сите тие преговараа со играчот, но Семењо го избра Сити.
Фабрицио Романо вчера објави дека има голем напредок во преговорите меѓу Борнмут и Сити и дека двете страни ги договориле финансиските услови.
„Работата е речиси завршена, остануваат само последните чекори. Реализацијата на трансферот се очекува наскоро“, додава Романо.
Сити ќе плати 75 милиони евра за крилниот напаѓач. Тоа е износот на откупната клаузула во неговиот договор со Борнмут, која важи од 1 до 10 јануари. Борнмут сакаше да го задржи Семењо на позајмица до крајот на сезоната, но брзо сфати дека тоа не е можно.
Сепак, тие би сакале да го задржат својот најдобар играч барем за следните два натпревари, против Арсенал на 3 јануари и против Тотенхем на 7 јануари.
На овој начин би го користеле во два важни натпревари, но и би го ослободиле пред истекот на клаузулата. Сити, од друга страна, сака Семенио да му биде на располагање на Гвардиола уште на 4 јануари и натпреварот против Челзи.
Foto/ depositphotos

