Спорт
КРАЈ! Барса ќе мора да му платат на Ливерпул ако Кутињо ја освои ЛШ!
Ако не беше доволно понижувачкиот пораз од 8:2, како и двата гола кои им ги даде нивниот фудбалер Филипе Кутињо, на Барселона и следува нов удар, бидејќи доколку Баерн и Бразилецот ја освојат титулата од Лигата на шампионите тие ќе треба да исплатат бонус од 5 милиони евра на Ливерпул!
Кутињо беше најавен како огромно засилување за Барса во 2018, кога платија 142 милиони фунти на Ливерпул, но по лошата сезона тие го пратија на позајмица во Баерн оваа сезона. Во петокот, тој влезе во игра и даде два гола во бруталниот 8:2 пораз.
Бидејќи при неговиот трансфер од Ливерпул беа поставени повеќе бонуси за личните достигнувања на Кутињо, сега доколку Кутињо стане шампион во ЛШ следува исплата од 5 милиони евра, а во клаузулата не е одредено за кој тим би требал да игра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мбапе го израмни рекордот на Роналдо, Реал со победа ја заврши 2025 година
Фудбалерите на Реал ја победија Севилја со 2:0 во 18-то коло од Ла Лига, а Килијан Мбапе успеа да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо во дресот на „Кралскиот клуб“ во една календарска година.
Французинот, во финишот на натпреварот постигна гол од пенал, го постигна 59-от гол во 2025 година.
Хуанлу претходно направи прекршок врз Родриго. Мбапе постигна гол од пенал, а го прослави во стилот на својот идол Кристијано Роналдо.
Екипата на Чаби Алонсо поведе во 38-та минута преку Белингам, потоа ја презеде иницијативата, и откако Маркао мораше да го онапушти теренот, поради втроиот жолт картон, вратата кон победата на Реал му беше широко отворена.
Реал со натпревар повеќе ома бод помалку од Барселона, додека Севилја е девета со 20 поени.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Јувентус го доби дербито против Рома
Фудбалерите на Јувентус ја победија Рома во Торино со 2:1, во дербито на 16-то коло од италијанската Серија А.
„Старата дама“ го забележа вториот важен триумф во првенството, по оној во Болоња, значително го подигна нивото на игра во два овие натпревари и сега има 29 бода на петтата позиција, само еден помалку од четвртопласираната Рома.
„Волчицата“ сè уште не знае за нерешен резултат сезона, ова е нејзин шести пораз, со 10 триумфи, а она што станува карактеристично за тимот на Џанпјеро Гасперини е тоа што е немоќен во дуелите со најсилните италијански тимови.
Рома имаше целосна контрола врз играта во првото полувреме, но и во таква ситуација му доволи на Јувентус две шанси во финишот на полувреме. Консеисао не успеа во првиот обид во 43-та минута, но една минута подцна тој го совлада Свилар.
Јувентус во вториот дел ја имаше инцијативата, а предноста ја удвои во 70-та минута. Првиот обид на Мекени, Свилар успеа да го одбрани, топката се врати до Американецот кој му асиситираше на Опенда. Белгиецот од пет метри само ја испрати топката во празната мрежа. Ова е прв гол за Опенда во Серија А оваа сезона.
Шест минути подоцна, Рома се врати во мечот, со голот на Балданци. Јилдиз во 80-та минута, можеше да го реши мечот, но топката по негвиот удар заврши во стативата.
Спорт
(Видео) Ливерпул со двајца повеќе на теренот едвај го победи Тотенхем
Фудбалерите на Ливерпул победија како гости против Тотенхем со 2:1 во 17-то коло од Премиер лигата.
И покрај победата, ова беше уште еден кошмарен натпревар за „Црвените“, овој пат со среќен крај.
Нестварно е што се можат играчите на Ливерпул да им приредат на своите навивачи оваа сезона.
Во Лондон имаа сè во свои раце, играч повеќе на теренот од 33-та минута по глупоста и исклучувањето на Чави Симонс, водство од 2:0 со головите на Александар Исак и Уго Екитике во второто полувреме, речиси „затворен“ натпревар, кој сепак не успеаја да го затворат, туку се тресеа за победата до последната секунда, и покрај тоа што од 90-та минута имаа двајца играчи повеќе на теренот.
Xavi Simons received a red card for this reckless challenge on Virgil Van Dijk. pic.twitter.com/haaEdUElMF
— Liverpool Xtra (@Liverpool_Extra) December 20, 2025
Голот на Ричарлисон во 83-та минута го однесе натпреварот во „немирни води“, ја крена агресивноста на домашните до крајни граници и во исто време на нула ја сведе самодовербата на Ливерпул.
Од тој момент, Спарс беа тимот кој беше храбар, кој напаѓаше, притискаше, имаше поголем посед на топката… Против противник кој имаше играч плус на теренот, но противник кој веќе потресен, нервозен и исплаше.
Играчите на Слото беа нервозни до самиот крај, дури и откако Тотенхем остана без Ромеро во судиското продолжение. Дури и со девет играчи, домашните напаѓаа подобро, беа поопасни…
Во петтата минута од судиското продолжение, Алисон беше во проблеми по обидот на Педро Поро, но Бразилецот успеа да ја задржи смиреноста и да ја скроти топката што го смени правецот по почетниот удар.
Натпреварот беше продолжен во 11-тата минута.
Ливерпул, на крајот, овој пат едвај „преживеа“.
Покрај неверојатните осцилации во играта, менаџерот на Арне Слот има уште една причина да биде загрижен. Исак се повреди во 58-та минута, кога го постигна првиот гол. Впечаток е дека најскапото засилување во историјата на клубот доживеа потешка повреда.
Foto/ depositphotos

