Спорт
Крај на годината за Педри
Златното момче на Барселона, Педри, нема да игра фудбал до крајот на оваа година. Педри од почетокот на сезоната има проблем со бутниот мускул. Клубот објави дека тој ќе се врати на фудбалските терени на почетокот на 2022 година.
Талентираниот фудбалер, кој блесна на Европското првенство, рехабилитацијата ќе ја започне од нула.
Педри го плати данокот на претходната сезона, кога одигра 72 натпревари за клубот и репрезентацијата.
Оваа сезона има одиграно само четири натпревари, по два во Ла Лига и Лигата на шампиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мекгрегор: Не требаше да ја изневерам жената што најмногу ја сакам
Еден од најпопуларните ММА борци во историјата на овој спорт, Конор Мекгрегор, прв пат се огласи откако беше осуден за силување на Никита Ханд во 2018 година.
Контроверзниот Ирец на социјалната мрежа „Х“ напиша дека признава дека згрешил што влегол во односи со споменатата Никита Ханд, но дека не е виновен за силување, односно дека се било консензуално.
Судењето траеше осум дена, при што беа изведувани докази, додека завршните зборови траеја три дена.
Поротата составена од осум жени го прогласи Мекгрегор за виновен.
Мекгрегор ќе треба да плати отштета од 250.000 евра, но рече дека ќе ја обжали пресудата.
„Луѓето сакаат да слушнат од мене, ми требаше време. Знам дека направив грешки. Пред шест години, никогаш не требаше да одговорам на нејзините посети. Требаше да ја прекинам забавата. Никогаш не требаше да се оддалечам од жената што најмногу ја сакам во светот “, напиша Конор и додаде:
„Колку и да ми е жал, сè што се случи таа вечер беше консензуално и сите присутни сведоци под заклетва се заколнаа на тоа. Му наложив мојот правен тим да се жали на одлуката“.
Спорт
Динамо пред Борусија и Хајдук остана без капитените Адеми и Мишиќ
Лоши вести доби тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица во пресрет на двата натпревари оваа недела кои можат да претствуваат пресвртница за „мордите“ во тековната сезона.
Откако минатата недела Динамо остана без Петар Сучиќ до крајот на годината,претпладнево клубот потврди дека утре на „Максимир“ против Борусија Дортмунд нема да бидат присутни Петар Мишиќ и Аријан Адеми. Неизвесно е дали овие двајца ќе играат и в недела против Хајдук во Сплит.
Динамо во овие два натпревари ќе биде без тројца клучни играчи од средниот ред, а капитени и лидери на тимот се и Адеми и Мишиќ.
Динамо во првите четири кола во Лигата на шампионите освои седум бода.
Спорт
Викарио со скршеница на ногата бранел против Манчестер сити
Голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викаро, скрши коска на зглобот на дерби натпреварот против Манчестер сити во Премиер лигата. Во саботата, Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0.
Италијанскиот репрезентативец, во вторникот, бил успешно опериран во Англија.
Викарио против Сити се повреди по сударот со Савињо, но и во таква состојба остана на теренот до крајот на мечот и му помогна на тимот да оствари значајна победа.
„Скршив коска на ногата на натпреварот со Манчестер сити, но останав на теренот до крајот. Направив се што можев за да му помогнам на тимот. Ситуацијата е таква што морав да одам на операција, која беше успешна, а од утре ќе го започнам процесот на рехабилитација. Благодарам на сите за поддршката, особено на навивачите на Тотенхем и се надевам дека ќе се вратам уште посилен“, напиша Италијанецот на социјалните мрежи.
Викаро пристигна во Тотенхем во јули минатата година од Емполи и оттогаш одигра 55 натпревари за англискиот клуб. Додека не се врати Викарио на голот на Тотенхем ќе биде ветеранот Фрејзер Фостер, кој бранеше оваа сезона на натпреварите против АЗ Алкмар и Галатасарај, како и во Лига купот против Ковентри.