Спорт
Крај на неверојатната гренд слем серија на Лопез и Сепи

Фелисијано Лопез и Андреас Сепи, двајцата ветерани на АТП турнејата, ја завршија својата неверојатна серија на настапи на гренд слем турнирите, откако беа елиминирани од квалификациите за Ролан Гарос.
Лопез е носител на рекордот од 79 последователни настапи на гренд слем турнирите, почнувајќи од Ролан Гарос во 2002 година, собирајќи 98-80 скор и три четврт-финалиња на Вимблдон. Тој загуби од 166-рангираниот Џан Марко Морони со 6:1/7:6(4) во вторникот во Париз.
40-гоишниот Лопез може да се израмни со Роџер Федерер доколку успее да се квалификува на неговиот омилен Вимблдон, бидејќи има 80 настапи на гренд слем турнирите, еден помалку од Швајцарецот. Апсолутен рекордер е Венус Вилијамс со 90 настапи.
Вчера пак, италијанскиот ветеран Сепи загуби од сонародникот Џулијано Цепијери со 6:3/6:4, за да заврши неговата серија од 66 последователни настапи на гренд слем турнирите (од Вимблдон 2005) .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ришарлисон се договорил за трансфер во Тотенхем

Фудбалерот на Евертон, Ришарлисон, се согласи да се пресели во Тотенхем, тврдат медиумите на Островот. Се очекува тој летово да го напушти тимот од „Гудисон Парк“, откако Евертон е принуден да продаде една од своите ѕвезди за да ја подобри финансиската состојба.
Бразилецот наводно ги договорил сите услови со тимот од Лондон, имал разговор и со менаџерот Антонио Конте, а клубовите треба брзо да ги договорат и последните детали.
Минатата сезона бразилскиот фудбалер беше единствената светла точка на „карамелите“ во борбата за опстанок. И покрај тоа што Евертон ја заврши сезоната на 16. позиција во Премиер – лигата, Ришарлисон постигна 11 гола на 33 натпревари и додаде уште пет асистенции.
Спорт
Елмас бара поголема минутажа во Наполи, а Фиорентина и Валенсија ја чекаат разврската

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас бара гаранции дека следната сезона ќе биде стандарен првотимец на Наполи. Во спротивно, би можел и да прифати една од понудите за трансфер, откриваат медиумите во Италија.
Во последниот период, Фиорентина и Валенсија се клубовите кои најмногу се интересираат за неговите услуги.
Минатата сезона Елмас одигра голем број натпревари, но многу често стартуваше од клупата за резерви. Тој смета дека во претстојната сезона треба да се изгради како стандарден првотимец на Наполи.
Елмас побарал од тренерот Лучијано Спалети и раководството на Наполи одредени гаранции дека неговата кариера ќе се развива во посакувана насока на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Спорт
Чави отпишал четворица во Барселона пред почетокот на подготовките

Барселона на стартот на следната седмица ќе ги започне подготовките за новата сезона, а голема бура на „Камп Ноу“ предизвика информацијата дека тренерот Чави Хернандез на четворица фудбалери им порачал да си најдат други клубови. Како што открива „Мундо Депортиво“, станува збор за Оскар Мингеза, Самуел Умтити, Рики Пуиг и за Мартин Брајтвајт.
Тренерот Чави Ернандез им испратил порака дека нема да смета на нив во претстојната сезона и тие се слободни да си побараат нова средина.
Барселона се надева дека во следните две седмици ќе го продаде и Френки де Јонг кој треба да замине во Манчестер Јунајтед. Сепак, фудбалерот многу се колеба дали треба да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“.