Спорт
Крај на сезоната за Москера, ги скина лигаментите
Дефанзивецот на Вулверхемптон и колумбиската репрезентација Џерсон Москера поради повреда ќе отсуствува од терените до крајот на сезоната, објави клубот.
Москера ги скина вкрстените лигаменти на коленото за време на дуелот на неговиот тим во Премиер лигата со Астон Вила.
„Џерсон беше на скенер, прегледот за жал ја потврди повредата на предните вкрстени лигаменти. Тешко е да се одреди временската рамка на отсуството пред операцијата, но малку е веројатно дека тој повторно ќе се појави оваа сезона”, изјави претставникот на клубот Фил Хејворд.
Тој оваа сезона одигра пет натпревари за Вулверхемптон во Премиер лигата.
Тој беше важен „шраф“ на селекцијата на Колумбија која летово стигна до финалето на Копа Америка, а неодамна постигна гол за својата репрезентација во победата од 2:1 против Аргентина во квалификациите за Светското првенство.
Во само неколку дена Москера е третиот фудбалер кој доживеа тешка повреда. Претходно, сезоната заврши за голманот на Барселона Марк-Андре тер Штеген и фудбалерот на Манчестер сити, Родри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атлетико победи во Виго – Алварез во 90.минута и пресуди на Селта
Во Виго се одигра последниот натпревар од седмото коло на шпанската Ла Лига. Атлетико Мадрид со 1:0 ја совлада Селта. Ова е петта победа во низа за тимот на Чоло Симеоне на „Балаидос“. Селта нема победа над Атлетико од 2018 година.
Атлетико во Виго ја забележа четврта победа во новата сезона, „јорганџиите“ имаат и три нерешени. Селта го претрпе четвртиот пораз и остана на девет бода.
Здодевно првот полувреме одиграа Селта и Атлетико, единствената шанса ја имаше Аспас во финишот на првиот дел, Облак успеа да го одбрани ударот. Аспас вечерва го одигра 500. натпревар во Ла Лига.
Вториот дел донсе повеќе возбудувања и две големи шанси за Селта. Во 56.минута Борха Иглесијас од пет метри со глава шутираше право во Облак, а во 89.минута Родригез од иста позиција ја испрати топката крај голот.
Казната дојде една минута подоцна, Гризман нафрли од десната страна, а Хулија Алварез со врвот на копачката ја зафати топката и го совлада Гуаита.
Спорт
(Видео) Ајакс го декласира Бешикташ, Викторија однесе бод од Франкфурт, Рома испушти победа против Атлетик
Фенербахче, Ајакс, Ренџерс, Лион забележаа победи во првото коло во Лига Европа. Брага со гол во 96.минута го комплетираше пресвртот против Макаби Тел Авив, а во драматичен меч во Франкфурт, Викторија се врати по минусот од два гола и со гол во 93.минута избори реми 3:3 против Ајнтрахт.
Ајакс целосно го надигра Бешикташ во Амстердам, поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто.
Првиот гол го постигна во 31. минута Киан Фиц-Џим. Во 51. минута Мика Готс погоди на асистенција на Бертранд Траоре, а само три минути подоцна Кенет Тејлор по додавањето на Брајан Броби го зголеми резултатот на 3:0. Точка на натпреварот стави Мика Готс во 73. минута кога погоди за 4:0.
Во следното коло Ајакс е домаќин на Славија Прага, додека Бешикташ го пречекува Ајнтрахт Франкфурт.
Резултати:
Малме – Ренџерс 0:2 (0:1)
/Бајрами 1, МекКоусленд 76/
Фенербахче – Унион Сент Жилоа 2:1 (1:0)
/Сојунџу 26, Бургес 82 – Сајкс 90+3/
Ајнтрахт Франкфурт – Пилсен 3:3 (1:1)
/Екитике 38, Ебимбе 62, Кристенсен 67 – Шулц 41, Аду 86, Џемелка 90+3/
Брага – Макаби Тел Авив 2:1 (0:1)
/Брума 88, 90+6 – Давида 30пен/
Рома – Атлетик Билбао 1:1 (1:0)
/Довбик 32 – Паредес 85/
ФЦСБ – РФС Рига 4:1 (2:1)
/Бирлигеа 8, Стефанеску 32, Олару 58, 69 – Липушек 23/
Лион – Олимпијакос 2:0 (0:0)
/Шерки 65, Бенрама 71/
Спорт
Уште еден убедлив пораз на Еурофарм Пелистер во ЛШ
Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа уште еден убедлив пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Букурешт, Динамо го порази македонскиот шампион со 34:25 (19:13). Ова е трет пораз сезонава за Пелистер во ЛШ, вкупно 17. во низа во елитното натпреварување.
Пелисер во Букурешт за полувреме го решија Пелистер. Одбраната на овој меч не постоеше кај Пелистер, Динамо лесно дојде до предност од три гола, а во финишот на полувремето сурово ги казни сите грешки на играчите на македонскиот шампион и на одмор замина со предност од шест гола.
Доколку воопшто имаше дилеми околу конечниот победник, тие беа разрешени по десет минути игра во вториот дел кога Динамо дојде до двоцифрена предност (26:16).
Капитенот Кузмановски постигна девет гола, а Радивохевиќ шест (сите во второто полувреме).