Спорт
Крајиновиќ го доби Чилиќ за финале на Квинс клаб против шампионот Беретини

Филип Крајиновиќ ја доби српско-хрватската битка на Квинс клаб турнирот во Лондон, победувајќи го двократниот шампион на турнирот, Марин Чилиќ со 6:3/6:3 за финале на подготвителниот турнир за Вимблдон.
Чилиќ, кој победи на Квинс клаб во 2012 и 2018 година, а има и финале на Вимблдон, беше фаворит во дуелот со 48-рангираниот Крајиновиќ, меѓутоа загуби два брејка во првиот сет за да биде во негатива. Во вториот сет, тој успеа да спаси две меч-топки, но на крајот загуби по час и 21 минути игра.
Крајиновиќ во своето прво финале на тревната подлога ќе игра со шампионот, Италијанецот Матео Беретини, кој лесно со 6:3/6:4 победи Холанѓанецот Ботик ван де Цандшлуп во меч кој беше прекинуван повеќе пати поради дождот во Лондон.
26-годишниот Беретини, кој победи и во Штутгарт минатата недела, се мачеше да ги искористи своите брејк топки (3-од-15), но сепак беше пресилен за противникот и покажа дека е во одлична форма пред стартот на Вимблдон.
Во финалето на ВТА турнирот во Берлин пак, ќе играат олимписката шампионка, Швајцарката Белинда Бенчич и првата носителка, Тунижанката Онс Жабер. Бенчич, на температура од 33 степени, во тежок меч со 6:7(6)/6:4/6:4 ја победи Гркинката Марија Сакари, по што Жабер со 7:6(4)/6:2 беше подобра од финалистката од Ролан Гарос, американската тинејџерка Коко Гоф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Маркез ја прекина соработката со Хонда

Шпанскиот возач во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез и тимот на Репсол Хонда и официјално се договорија да ја прекинат соработката.
Една година пред истекот на договорот, двете страни се спогодија да се разделат на крајот од сезоната.
Маркез освои шест титули во „кралската класа“ во Хонда.
Оваа сезона шпанскиот возач освои само 22 бода и есе наоѓа на 19. место во генералниот пласман на возачи.
Маркез ја оствари својата прва победа во кралската класа на „Honda RC213V“ на Американското ГП во 2013 година во Тексас и стана најмладиот победник во премиер класата, а една година подоцна стана најмладиот светски шампион.
Спорт
Лосон разочаран од одлуката на Алфа Таури

Лиам Лосон, резервниот возач на Алфа Таури, призна дека е разочаран од одлуката на тимот, Даниел Рикардо и Јуки Цунода да возат за овој тим и следната година.
Младиот Новозеланѓанец на пет трки годинава го замени Рикардо во болидот, кој ја скрши раката, а трката во Катар ќе му биде последна сезонава во најбрзиот вагон.
„Секако дека сум разочаран, бидејќи мојата цел е постојано да бидам во Формула 1. Сепак, и покрај тоа, мотивиран сум да си обезбедам безбедно место меѓу најдобрите возачи на денешницата“, изјави Лосон.
Својот најдобар пласман Лосон го постигна во Сингапур, каде беше деветти и ги освои првите два бода. Со нетрпение ја очекува трката во Катар.
„Патеката е одлична. Има само еден бавен свиок, се друго се вози во најмалку четврта брзина. Се надевам на добра трка“, изјави Лосон.
Трката за Големата награда на Катар ќе се вози во недела на 8 октомври.
Спорт
Милевски го објави спискот за натпреварот со Украина – Повик не добија Несторовски, Велковски и Бабунски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица.
Благоја Милевски за овие натпревари натпревари нема да смета на Илија Несторовски, Доријан Бабунски и Дарко Велковски кој сѐ уште нема клуб. Дефанзивецот Ѓоко Зајков не е на спиското поради повреда.
Во националниот тим, по долгото отсуство поради болест се враќа Дарко Чурлинов.
„Ова се фудбалерите кои беа и на претходниот собир. Сега со нас ќе биде и Дарко Чурлинов кој заигра за тимот до 23 години на Барнли. Ме радува фактот што е подготвен да се приклучи на репрезентацијата. Жал ми е што Зајков нема да е со нас. Разговарав со Доријан Бабунски, тој не е на списокот, што не значи дека нема да биде за следните собири.
Разговарав и со Илија Несторовски. Тој исто така не е повикан за овие натпревари од причина што сосема поинаква ни е тактичката замисла за двата натпревари. Несторовски има дадено многу за оваа репрезентација и покажуваме почит кон него со тоа што не праќаме покана колку само да биде овде, а без намера да го користиме“, рече селекторот и потоа направи мала анализа на она што ги очекува фудбалерите против Украина.
„Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч“.
Украина ќе ја пречека Македонија на стадионот, на Спарта во Прага. Дуелот на 14 октомври ќе започне во 15 часот. Три дена подоцна Македонија во пријателски натпревар ќе игра против Ерменија.
Фото/ Игор Паневски Извор/ФФМ