Спорт
„Кралевите“ подготвија договор за Винисиус Жуниор до 2028 година

Реал Мадрид сака да го задржи Винисиус Жуниор на „Сантијаго Бернабеу“ и во наредните шест години. Бразилецот оваа сезона блесна во полн сјај, имаше значаен придонес во освојувањето на титулата во Ла Лига, постигна 17 гола и забележа 10 асистенции, а се уште заработува „само“ 3 милиони евра.
Откако Килијан Мбапе одби да дојде во Мадрид, сега раководството на Реал комплетно се насочува кон Винисиус Жуниор кој ќе добие максимална доверба да се развие во една од централните фигури во тимот.
Винисиус Жуниор го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Реал Мадрид го купи талентираниот напаѓач во 2018 година од Фламенго. Шпанскиот гигант плати над 40 милиони евра, што го прави најскапиот трансфер на Бразилец до 18 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса го нокаутира Реал, публиката виде спектакуларни седум гола на натпреварот

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3.
Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот.
Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”.
Публиката го оцени тукушто завршениот натпревар како еден од најдобрите меѓу ривалите.
Почетокот најавуваше целосно спротивен исход, откако Реал по 14 минути водеше со високи 2:0, со два гола на Килијан Мбапе.
Во 3. минута беше досуден пенал над Французинот, кој сам го реализираше за водство на гостите. Веќе во 14. минута нов шок за Барса и целосна тишина на стадионот, кога Мбапе избега зад грбот на високо поставената одбрана на ривалот и лесно го совлада Шчењи.
Веќе во 19. минута Ерик Гарсија после корнерот од левата страна го намали водството на 1:2. Се чекаше изеднадување до 32. минута кога Ламин Јамал за три минути донесе пресврт со два маестрални гола. Посебно извонредна беше мајсторијата на Јамал, во негов стил, но и онаа на Рафња кој од својата позиција после пресингот доведе до 3:2.
Истиот играч во 45. минута изврши притисок на Лукас Васкес, му ја зњсњ топката, одигра дупли пас со Феран Торе, и ефектно ја смести топката во мрежата за 4:2. Нокаутот на Реал, не го спаси ни Мбапе кој во второто полувреме, во 70. минута ја намали разликата на 4:3.
Имаше поништени голови на двете страни, но и промашени зицери, пред сè на Реал во 89. и 90. минута.
Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.