Спорт
„Кралевите“ со „метла“ за Макаби за враќање на Ф4

Реал Мадрид по три години се враќаат на Фајнал фор турнирот во Евролигата, откако со 87:76 триумфираа на гости кај Макаби Тел Авив за да ја добијат серијат со убедливи 3:0.
Шпанскиот тим се враќа на Ф4 првпат од 2019 година, и осми пат во последните 11 години, откако доминираа во трите меча со израелскиот клуб.
Серхио Љуљ имаше 18 поени и 6 асистенции, Гершон Јабуселе додаде 16 поени и 8 скока за тимот на Пабло Ласо да го диктира ритамот наа играт од почеток до крајот на мечот. Макаби се обидоа да направат камбек во третт четвртина, но на крајот не успеаја во својот прв пласман во плејофот по шест години. Скоти Вилбекин имаше 22 поени за Макаби, додека Џејмс Нанали додаде 17 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Залуден трипл-дабл на Јокиќ во Милвоки, Кари против Орландо броеше до 56, Леброн ја реши Минесота

Денвер Нагетс уште еднаш не успеаја да добијат натпревар кога Никола Јокиќ запиша трипл-дабл. ЛА Лејкерси во дербито на Западот славеа над Минесота, а Стеф Кари во Орландо ја доби револверашката пресметка со Паоло Банкеро.
Милвоки го победи Денвер со 121:112. Јокиќ го предводеше Денвер со трипл-дабл од 32 поени, 14 скокови, 10 асистенции. Србинот го запиша 27.трипл-дабл сезонава, 157. во кариерата. Не доби поддршка од соиграчите, го следеше само Џамал Мареј со 20 поени.
На спротивната страна Јанис Адетокумбо имаше 28 поени, 19 скокови и седум асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен ја совлада Минесота со 111:102. За тимот предводен од Лука Дончиќ и Леброн Џејмс тоа беше осма победа во последните десет натпревари и го задржаа петтото место на Западот, додека гостите ги очекува жестока битка за плејоф или плеј-ин место.
Дончиќ не беше особено расположен. Зад своето име запиша 21 поен, 13 скока и пет асистенции, но лошо шутираше погоди само 6 од 20 удари, вклучително и една од деветте тројки. Тимот го предводеше Џејмс со 33 поени (11/21 шут), 17 скока и шест асистенции.
На Флорида Голден Стејт Вориорс го победија Орландо со 121:115. Предводник беше неверојатниот Стефон Кари кој постигна 56 поени, Пост додаде 18, а Грин 12. На домашниот тим не му помогна ниту одличното издание на Банкеро, кој заврши со 41 поен.
Спорт
Синер отсранет од изборот за спортист на годината

Фондацијата Лауреус одлучи да го отстрани Јаник Синер од листата на кандидати за престижната награда за спортист на годината што ја доделува.
Причината е тримесечната суспензија на италијанскиот тенисер.
Шон Фицпатрик, директорот на Лауреус, во изјава подетално ја објасни позадината на одлуката.
„По разговорите со Академијата Лауреус, одлучено е да се повлече кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината. Го следевме неговиот случај, одлуките на светските тела и веруваме дека тримесечната суспензија ја оневозможува неговата кандидатура. Јаник и неговиот тим се информирани“, стои во соопштението потпишано од Фицпатрик.
Листата на номинирани ќе биде објавена во понеделник на 3. март во Мадрид.
Синер беше позитивен два пати во март минатата година на забранетата супстанца клостебол, но беше ослободен од обвиненијата од страна на Меѓународната агенција за интегритет во тенис.
ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража, а пред две недели се спогоди со Синер да добие три месечна суспензија.
Спорт
(Видео) Милан во слободен пад, загуби и во Болоња

Фудбалерите на Болоња го совладаа Милан со 2:1 во одложениот натпревар од деветтото коло во Серија А. Болоња ја прекина црната серија, немаше победа над Милан, на домашен терен во последните 22 години.
Рафаел Леао ги доведе гостите во водство на крајот од првиот дел, но Сантијаго Кастро и Ден Ендоје донесоа пресврт за домаќините во вториот дел.
Ова е втор последователен пораз за Милан. Сега се осми со 41 бод, додека Болоња има три бода повеќе и се наоѓа на шестата позиција.
Во следното коло тимот од Милано на домашен терен игра против Лацио, додека Болоња ќе му гостува на Каљари.