Спорт
„Кралевите“ со првиот удар – мизерната недела на Барселона заврши со пораз
Првото „Ел класико“ во новата сезона во Ла лига му припадна на Реал Мадрид, кој на „Сантијаго Бернабеу“ стигна до 3:1 победа над Барселона, зголемувајќи ја мизерната недела на каталонскиот клуб по 3:3 ремито со Интер со кое дојдоа на чекор од елиминација во Лигата на шампиони.
Двата клуба во мечот влегоа со совршен скор и израмнети на врвот на табелата, и сега тимот на Карло Анчелоти ја има бодовната, но и психолошката предност во во што очекуваме да биде тесна трка за шпанската титула.
До предноста, „кралевите“ дојдоа веќе во 12. минута, кога Винисиус Жуниор успеа да биде побрз од целата одбрана на Барселона во брз контранапад, и по неговиот обид, Карим Бензема не згреши за 1:0. Водството беше удвоено во 34. минута, кога Феде Валверде со фантастично прецизен удар во далечина не му даде шанса на Марк-Андре Тер-Штеген.
Реал го започна второто полувреме на 250. „Ел класико“ со уште еден гол во мрежата на лутите ривали, преку Бензема, но голот беше поништен поради офсајд ситуација. Со влегувањето во игра на Торес, Гави и Фати, играта на Барселона беше подобра, и кога изгледаше дека Реал лесно ќе го запечати триумфот, Феран Торес во 83. минута по асистенција на Роберт Левандовски намали на 2:1 за нервозен финиш на мечот. Меѓутоа, во 89. минута од мечот Ерик Гарсија го „нагази“ Родриго за пенал за Реал Мадрид, кој сигурно го реализираше токму Родриго.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен: Половина од тимовите би биле дисквалификувани доколку темелно се врши контрола по секоја трка
Формула 1 сè уште не влегла во сезоната 2026, а веќе се соочува со сериозни контроверзии. Во центарот на вниманието е Макс Ферстапен, четирикратниот светски шампион, кој изнесе загрижувачки тврдења за техничките контроли на болидите.
Во интервју за шведските медиуми, возачот на Ред Бул рече дека многу тимови намерно ги поместуваат границите на прописите и често избегнуваат казни само затоа што не се темелно проверени по секоја трка.
„Сите бараме ограничување. Понекогаш сè оди непречено затоа што сè не е секогаш контролирано. Ако секој автомобил беше проверен по секоја трка, половина од тимовите би биле нерегуларни“, рекол Ферстапен.
Контролите во Формула 1 ја вклучуваат тежина на автомобилот, параметри на хибридниот систем, горивото, аеродинамика и подот, но ФИА нема капацитет детално да го проверува секој автомобил секој викенд.
Неговите зборови добија дополнителна тежина поради сезоната 2025, која беше обележана со бројни дисквалификации.
Ферари остана без пласман во Кина поради технички неправилности на болидите на Шарл Леклер и Луис Хамилтон, додека Пјер Гасли и возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, доживеаја слична судбина во Лас Вегас.
Дисквалификацијата на Мекларен, според Верстапен, дополнително го искомплицира шампионатот.
„Тоа беше ран божиќен подарок за мене, што ја направи сезоната повозбудлива“, рече Холанѓанецот, кој на крајот ја загуби титулата со само два бода разлика од Норис на последната трка во Абу Даби.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лацио заинтересиран за Лазар Самарџиќ
Италијанскиот великан Лацио е заинтересиран за купување на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.
Со решавањето на финансиските тешкотии, Лацио повторно е активен на пазарот и има намера да донесе сериозни имиња во зимскиот преоден рок.
Според „Газета дело спорт“, Маурицио Сари сака да го засили тимот со играч од средниот ред, а прв пик му е Самарџиќ.
„Сари го посочи потпишувањето на квалитетен играч од средниот ред како врвен приоритет. На тренерот му се допаѓа Лофтус-Чик, но тешко е дека може да му го „украде“ на Милан, а и неговата плата е превисока. Малку помалку комплицирано, а подеднакво привлечно за тренерот, е доведувањето на Самарџиќ од Аталанта. Клубот од Бергамо му плати на Удинезе 20 милиони евра за него и, очигледно, нема да прифатат понуди пониски од тоа“, се вели во текстот.
Лацио е осми на табелата со 23 бода и во случај на добро продолжение на сезоната, може да обезбеди пласман во европските натпреварувања, додека Аталанта е нивен конкурент со бод помалку и позиција подолу.
Лазар Самарџиќ одигра вкупно 18 натпревари оваа сезона за Аталанта во Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија, постигна три гола и забележа две асистенции.
Foto/ freerangestock
Спорт
Норвешки биатлонец пронајден мртов во својата соба
Норвешкиот биатлонец Сиверт Гуторм Бакен почина на 27-годишна возраст, потврди Меѓународната унија за биатлон (IBU).
Локалните медиуми објавија дека Бакен е пронајден мртов во неговата хотелска соба во Лавацо во италијанските Алпи, каде што бил на тренинг камп.
„IBU е длабоко шокирана и тажна од трагичната вест за ненадејната смрт на Сиверт Бакен. Враќањето на Сиверт во биатлонот по тежок период беше извор на голема радост за сите во семејството на биатлонот и инспиративен доказ за неговата отпорност и решителност. Неговата смрт на толку млада возраст е невозможно да се замисли, но тој нема да биде заборавен и ќе остане во нашите срца засекогаш“, објави IBU.
За време на неговата кариера, тој учествуваше во 31-та трка од Светскиот куп, а ја постигна својата единствена индивидуална победа во Холменколен во 2022 година.
На Бакен му беше дијагностициран миокардитис во 2022 година, што го исклучи од сезоната 2022/23. Тој се врати на натпреварувањето во ноември 2024 година, 984 дена по неговата победа во Холменколен.
Foto/ depositphotos

